Вага (кована пара од 2014 година)


Вагакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Вага
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина уреди

На опачината од парата е прикажана вага со два крака. Едниот тас од вагата е исполнет со монети врз кои седи пеперутка. На местото на другиот тас е вметнато кобалтно стакленце на кое е претставена слика на соѕвездието Вага. На долниот дел се прикажани симболот на хороскопскиот знак Вага отпечатен на тег и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „ВАГА". Посетено на 8 јануари 2018.