Помош:Разговорна страница

(Пренасочено од ВП:СЗР)
Оваа страница е напатствие на македонската Википедија. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:СР

Разговорните страници се посебен вид на википедиски страници, кои се користат за дискусија на промените што се прават во соодветните „главни“ статии. Сите Википедија статии, кориснички страници, предлошки итн имаат своја разговорна страница.

  • Разговор за статии се користи за дискутирање на промените што се прават на конкретната статија.
  • Разговор за кориснички страници се користи за оставање пораки на корисниците. Кога ќе напишете нешто на нечија разговорна страница, кога тој корисник ќе се логира на Википедија ќе му се покаже порака: Имате нови пораки на врвот на секоја Википедија страница, се дури не ја отворат својата разговорна страница.
  • Википедиските разговорни страници се користат за дискусија на постоечки и развивани начела (политики), насоки (водичи) и предлози.

Врската Разговор води кон страница во истиот именски простор како и статијата, корисничката страница, или предлошката со дополнително „Разговор“ пред двете точки, пример: Разговор:Википедија, Разговор:Македонија итн.

Основни правила за сите разговорни страници

уреди
  • Потпишувајте ги вашите коментари! — Можете да користите три или четири тилди (како ~~~ и ~~~~), кои автоматски се конвертираат во вашето корисничко име или IP адреса.
    • Најавете се.
  • Користете кохерентно форматирање.
    • Копирајте ги форматирањата од други корисници.
    • Не го вовлекувајте текстот.
    • Пишувајте средни до големи блокови текст (т.е. не параграфи со една реченица).
  • Бидете цивилизирани постојано.
    • Не правете лични напади.
    • Не викајте

Употреба

уреди
Забелешка: Разговорните страници треба да бидат почетно место за разрешување на разни проблеми.

На Википедија, целта на разговорните страници е да помогнат во унапредувањето на главната статија, од енциклопедиска гледна точка. Во неа се поставуваат сите прашања, забелешки, некои појаснувања, аргументи за промена на некој текст и коментари за статијата.

Користете ги разговорните страници за енциклопедиски цели, а не само за расправање и лични дискусии. Со други зборови, дискутирајте за статијата, а не за темата.

Форматирање

уреди

Бидејќи вики платформата нуди големи можности за користење на различни стилови, се препорачува употреба на конзистентно форматирање со цел полесно следење на дискусиите.

Длабочината на пораката се определува според бројот на две точки (':') пред пораката:

порака 1 --корисник 1
:одговор 1.1 --корисник 2
:одговор 1.2 --корисник 3
::одговор 1.2.1 --корисник 1
порака 2 --корисник 4
:одговор 2.1 --корисник 5

Кориснички разговорни страници

уреди

Сите корисници имаат соодветна разговорна страница. Доколку имате нови коментари во вашата разговорна страница ќе ви се појави пораката „Имате нови пораки“ на врвот на секоја Википедија страница.

За да оставите порака на друг корисник во неговата разговорна страница, кликнете на Разговор кога ја гледате неговата корисничка страница. Во листата на Скорешни промени можете директно да влезете на нечија разговорна страница со стискање на (Разговор) до името на корисникот.

Начин на однесување

уреди

Дали можам да правам што сакам на мојата разговорна страница?

уреди

Повеќете корисници ги третираат личните разговорни страници како обични и ги архивираат содржините повремено во лична потстраница.

Слободно уредете ја вашата лична страница според вашиот вкус, но имајте во предвид дека вашата разговорна страница служи пред се за комуникација на други корисници со вас. Некој може да се налути ако не може да ја користи за таа намена.

Како да се одржува двонасочен разговор

уреди

Ако пишувате поврзани пораки на повеќе лични разговорни страници, добиениот текст ќе биде тежок за следење. Еве два система како да ги направите ваквите текстови почитливи:

  • Копирајте го текстот на кој одговарате во разговорната страница на другиот корисник. Вашиот одговор оставете го веднаш под него и назабете го за да се познава.
  • Или: Оставете порака на вашата разговорна страница дека ќе пратите одговор таму освен ако тие не побараат поинаку. Ова правете го во разговори кои не сте ги започнале вие.
  • Набљудувајте ја разговорна страница на соговорникот и кажете му дека може да одговори таму. Ова правете го во разговори кои ги почнувате вие.

Други забелешки

уреди
  • Освен специјалните страници, сите именски простори имаат соодветен именски простор за разговор. Сите страни во именскиот простор за разговор имаат претставка Разговор: пред името на соодветната статија. Пример, разговорните страници од главниот именскиот простор имаат претставка Разговор:, а за личните страници Разговор_со_корисник:.

Поврзано

уреди