Википедија:Миниводич за барања за администраторски статус
(Пренасочено од ВП:МБАС)
Следи многу едноставен водич за Википедија:Барања за администраторски статус (БзАС). Ова е наменето како неформален, најмал можен водич. За целосниот водич за БзАС, ве молиме видете Водич за барања за администраторски статус. Ова е водич, а не е правилник.
За номинирани
уреди- Ве молиме имајте на ум дека БзАС може да биде тежок процес понекогаш. Луѓето ќе разгледуваат и ќе оценуваат сѐ што сте направиле (или не сте направиле, ако требало).
- Понекогаш луѓето се противат без никаква причина. Од никого не се бара да го објасни неговиот став. Не се чувствувајте лошо, им се случува на многу луѓе.
- Ако некој ве номинира, слободно одбијте ако сметате дека не сте подготвени. Одбијте ја номинацијата учтиво и продолжете со добрата работа. Дури и по почетокот на процесот, можете да се повлечете било кога.
- Ако самите се номинирате, проверете дали сте ја направиле номинацијата правилно и не се поддржувајте себеси. Луѓето очекуваат повеќе од самономинираните и ако нешто згрешите, тоа може да доведе до гласови против вас.
Што бараат придонесувачите во номинираниот
уредиОвие не се задолжителни стандарди. Луѓето може да имаат лични стандарди кога ги разгледуваат номинираните, но воглавно, корисниците ги бараат следниве работи:
- Цврста историја на уредување во повеќе именски простори (Повеќето успешни номинирани имаат повеќе од 1.000 уредувања. Видете ги статистиките самите на оваа страница).
- Достојно време на присуство на проектот (Повеќето успешни номинирани биле на Википедија барем 3 месеци. Видете ги статистиките самите на оваа страница).
- Волја да правите „досадна, повторлива работа“
- Културно однесување без скорешни лични напади, туркање гледни точки, вандализам или уредувачки војни
- Оспособена адреса за е-пошта
- Добра употреба на описи на измените
Видете што се случувало во некои успешни и неуспешни кандидатури како пример.
За придонесувачите кон БзАС
уредиПочитувајте ги принципите на Википедија:Културно однесување. Ве молиме видете го целосниот водич за информации за гласање, поведение и однос со другите.