ВМРО-СДРМА
- За други значења видете ВМРО (појаснување)
ВМРО - СДРМА била македонска конспиративна младинска организација создадена на иницијатива и под водство на Глигор Крстески, со цел да се бори за отцепување на НР Македонија од Југославија, ослободување на неослободените делови и обединување во Самостојна Држава Република Македонија (СДРМ) со поддршка од САД и од другите западни сили, под покровителство на Америка[1]. Тоа било вградено во името на Организацијата - СДРМА. Обединета Македонија се предвидувало да биде граѓанска држава од типот на западните демократии. До средината 1947 година, организацијата изградила организациска мрежа по систем на тројки, во Прилеп и во Прилепско[2]. Организацијата пред крајот на 1947 година била разоткриена, а водечките личности биле уапсени и биле осудени и нејзината дејност прекината[3].
Основана | март 1946 |
---|---|
Укината | септември 1947 |
Место | Прилеп |
Наводи
уреди- ↑ Глигор Крстески, Моето досие, Скопје, 2002
- ↑ Сто години ВМРО, златна книга, Скопје, 1993
- ↑ Иван Катарџиев, Сто години од формирањето на ВМРО, сто години револуционерна традиција, Скопје, 1993