Бутурица

река во Македонија

Бутурица — река во Македонија која тече во областа Мариово, десна притока на Црна Река. Долга е 20 километри со опфатено сливно подрачје од 102 км2[1]. Извира на планината Козјак во месноста Влашки Колиби на надморска височина од 1600 метри во непосредна близина на извориштето на реката Блашница и во својот горен тек го носи името Витолишка Река[1]. Во Црна се влева кај местото Градок на кота од 344 метри. Протекува низ неколку тесници како во Лозаница под селото Витолиште и низводно од селото Мелница[1]. Просечниот пад во надложниот профил изнесува 62,8 ‰ (промили)[1]. По селото Мелница навлегува во клисурест предел каде што на многу места по течението се создаваат вирови со длабочина и до 2 метри. Долното течение на Бутурица особено на потегот од етно-ресторанот „Мариово“ па сѐ до нејзиниот влив во Црна Река е доста богат со риба, при што тука може да се најдат и поголеми парчиња на пастрмка. Водостопанскиот потенцијал и можности на реката воопшто не се искористуваат, со оглед на фактот што по нејзиното течение не постои развиено земјоделско производство поради слабата населеност.

Бутурица
Карта
Местоположба
Физички особености
УстиеГрадок, Црна Река
 • надм. вис.
334
Должина20
Особености на сливот

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 183.