Бурски војни
Двете Бурски војни (афр. Vryheidsoorlog, анг. Boer Wars) се воделе помеѓу Британската Империја и двете независни бурски републики - Слободната Држава Орање и Трансвалската Република (Јужноафриканска Република), основана од доселениците познати како Фуортрекери кои ја направиле т.н. Голем Трек од ’Ртската Колонија.
Кога се вели „Бурска војна“ во еднина, најчесто се мисли на Втората бурска војна.
Прва бурска војна
уредиПрвата бурска војна (1880–1881), позната и како „Трансвалска војна“, бил релативно краток судир во кој бурските доселеници успешно се спротивставиле на обидот на Британија за припојување на Трансвал, и повторно се избориле за независна република. Овој судир е мошне забележлив по соодносот на жртвите - сразмерот Британци:Бури бил 10:1.
Втора бурска војна
уредиВтората бурска војна (1899–1902), за разлика од првата, била доготрајна војна со голем број на војска од многу британски територии, која завршила со тоа што бурските републики биле претворени во британски колонии, со ветување за ограничена самоуправа. Овие колонии подоцна го основале Јужноафриканскиот Сојуз.
Значење
уредиБурската војна претставува голема пресвртница во историјата на Британија, бидејќи по војната, најголемиот дел од светот станал антибритански настроен. Ова довело до промена на пристапот кон надворешните односи на Британија, која сега барала повеќе сојузници. Така, алијансата со Јапонија од 1902 г. може да се смета за знак дека британија страхувала од напад врз нејзините далекуисточни колонии и, со оваа алијанса увиделаљ можност да се зацврсти на Далечниот Исток. Оваа војна исто така довела до промена на политиката на „сјајна изолација“ во политика на барање на сојузници и подобрување на односите со светот. Подоцна воените спогодби со Франција и Русија („Антантата“), делумно причинети од контроверзите со Бурската војна, биле главен фактор за отцртувањето на борбените линии во Првата светска војна.
Поврзано
уредиБиблиографија
уреди- Beck, Roger B. (2000). The History of South Africa. Westport, CT: Greenwood. ISBN 0-313-30730-X.
- Davenport, T. R. H. и Christopher Saunders (2000). South Africa: A Modern History, V изд. Palgrave Macmillan. ISBN 0-312-23376-0.
- Jackson, Tabitha (1999). The Boer War. Basingstoke, U.K.: Channel 4 Books/Macmillan. ISBN 0-7522-1702-X.
- Judd, Denis, and Keith Surridge (2003). The Boer War. Basingstoke, U.K.: Palgrave Macmillan. ASIN B000OLSIXQ. ISBN 0-7195-6169-8 (мека подв).
- Pakenham, Thomas (1979). The Boer War. New York: Random House. ISBN 0-394-42742-4.
- Plaatje, Sol T. (1990). Mafeking Diary: A Black Man’s View of a White Man's War. Ohio University Press. ISBN 0-8214-0944-1.
- Reitz, Deneys (1930). Commando: A Boer Journal of the Boer War. London: Faber and Faber. ASIN B00165A9Y0. ISBN 1-4326-1223-9 (реиздание 2005).
- van Hartesveldt, Fred R. (2000). The Boer War. Greenwood Press. ISBN 0-313-30627-3.