Буки (алатка за транскрипција)
Буки ― алатка за транскрипција на македонски говор. Оваа бесплатно достапна алатка беше создадена по иницијатива на Никола Стиков, професор на Политехничкиот универзитет во Монтреал, Канада, и со поддршка од Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.[1] Главен архитект на „Буки“ е Дејан Порјазовски, кој е истражувач на универзитетот „Аалто“ во Финска.[2]
Првата верзија на „Буки“ препознава и транскрибира говор на македонски литературен јазик, а се работи и на втора верзија која ќе препознава македонски дијалекти. Оваа алатка беше тренирана на снимки од Институтот за етнологија и антропологија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Втората верзија ќе вклучува и говор од широка група луѓе што се собира преку алатката Mozilla Common Voice.[3] Тестирањето на „Буки“ покажува дека оваа алатка подобро го препознава и транскрибира македонскиот говор во споредба со останатите достапни алатки.[1]
Името на алатката е инспирирано од втората буква во старословенската азбука: буки.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Stikov, Nikola (2024-10-09). „Запознајте го Буки“. KANTAROT / КАНТАРОТ. Посетено на 2024-11-17.
- ↑ „„БУКИ" – нова дигитална платформа за транскрипција на говор на македонски јазик - Универзитет „Св. Кирил и Методиј" во Скопје“ (англиски). 2024-10-04. Посетено на 2024-11-17.
- ↑ KANTAROT, Foundation (2024-11-15). „БУКИ-рајте!“. KANTAROT / КАНТАРОТ. Посетено на 2024-11-17.