Будизмот во Полска
Корените на будизмот во Полска може да се најдат на почетокот на 20 век во врските на државата со земјите од потекло на религијата, како Виетнам,[1][2] Кина, Јапонија и Кореја.[3] По Втората светска војна, првенствено иселениците Полјаци се приклучиле на различни будистички групи и организации. Од распадот на Источниот блок, кој промовирал антирелигиозна кампања, будизмот можел да се развива понатаму во потолерантна атмосфера.
Денес, сите главни училишта на будизмот, вклучувајќи ги Махајана (Зен и Џодо Шиншу) и тибетскиот будизам може да бидат сретнати во Полска. Во земјата се активни и движења како будистичката заедница Триратна. Споени организации како Будистичката мисија (Misja Buddyjska) и Будистичкиот сојуз на Полска обединуваат повеќе од дваесетина групи будисти. Центрите на „Дијамантски пат“ основани и управувани од Лама Оле Нидал се исто така активни во Полска. Најдал предавал за будизмот на публиката во Полска двапати секоја година од неговата прва посета во 1976 година.[4]
Во мај 2000 година, XIV Далај Лама Тенцин Ѓацо отворил будистичко одделение во Померанската библиотека во Шчеќин.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ba Lan: Đại lễ Vu lan tại thành phố Krakow
- ↑ Ba Lan: Chùa Thiên Việt - Warszawa tổ chức lễ Vu Lan
- ↑ Buddhism in Poland - by Joanna Grela[мртва врска][мртва врска] = Joanna Grela, Buddhism in Poland, in: Buddhist Contributions to Good Governance and Development, ed. by Phra Dharmakosajarn, Mahachulalongkornrajavidyalaya University Press, Bangkok 2008, p. 274-281
- ↑ https://www.diamondway-buddhism.org/buddhism-in-poland-with-lama-ole-nydahl-warsaw-april-2013/
- ↑ „Dalai Lama Lecture Draws Thousands in Poland“. Архивирано од изворникот на 20 април 2014. Посетено на 7 ноември 2021.