Будалата (Խենթը, се изговара Хенте) ― роман на ерменски јазик од 1880 година на познатиот ерменски романсиер Рафи, еден од најпознатите дела на еден од најголемите ерменски романсиери.[1] Заплетот е заснован на последната Руско-турската војна (1877–78), тој раскажува романса поставена на позадината на поделената ерменски народ.

Будалата
АвторРафи
Изворен насловԽենթը (Хенте)
Јазикерменски
ЖанрИсториска фикција
ИздавачМшак
Издадена
1880
МедиумМек повез

Романот е преведен на руски јазик и бил објавен во 2006 година.[2]

Поставување и структура уреди

Приказната во романот е сместена во три области во близина на границата помеѓу Руската и Отоманската Империја: Бајазит, Алашкерт и Вагаршапат.

Романот започнува со четири брзи поглавја кои ја опишуваат османлиската опсада на Бајазит, која е историска епизода од последната руско-турска војна.[3] По застрашувачкиот приказ на битката, нејзиниот исход е оставен во неизвесност бидејќи петтото поглавје наеднаш го префрла фокусот на порано време за раскажување на приказната за едно село во Алашкерт и за романсата фатена во предавничките општественополитички текови на војната. Во следните дваесет и девет поглавја е преставен богат етнографски приказ на селскиот живот во овој конкретен регион на Западна Ерменија, притоа прикажувајќи ги идеолошките теми што преовладувале во ерменскиот живот во тоа време преку збир на моќни, конкурентни ликови. Романот завршува во Вагаршапат (Ечмиаѕин).

Преводи уреди

Француски превод уреди

Францускиот превод го довршил Мушег Абрахамиан познат како Le fou : Conséquences tragiques de la guerre russo-turque de 1877-1878 en Arménie (во превод „Лудиот: трагични последици од руско-турската војна од 1877-1878 година во Ерменија“) во 2009 година.[4]

Преводи на англиски уреди

Најраната англиска верзија на романот ја превела Џејн Вингејт во 1950 година. [5]

Доналд Абкаријан (2000).[6]

Кимберли Мекфарлан и Бијон Милојан (2020).[7]

Книжевност уреди

  • Raffi (2006). Хент [The Fool] (руски). Moscow: YuniPress SK. ISBN 5-91152-040-0.

Наводи уреди

  1. Роналд Григор Суни - Тие можат да живеат во пустината, но никаде на друго место - 1400865581 2015 Page 76 "The novels of Raffi, particularly Khent (The Fool) published in 1880, had their loyal readers both in [...]"
  2. Raffi 2006.
  3. Report on the Russian army and its campaigns in Turkey in 1877-1878 by F. V. Greene, D. Appleton & Company, Њујорк, 1879, http://babel.hathitrust.org/cgi/pt?id=inu.30000007718525;view=1up;seq=411 стр. 385
  4. Објавено од Bleu Autour
  5. „Jane Wingate“. Архивирано од изворникот на 2024-01-06. Посетено на 2024-01-06.
  6. Khente [The Fool]. English translation: Raffi, The Fool, trans. Donald Abcarian (Принстон: Гомидасов институт, 2000)'
  7. „Sophene Armeniaca“. Архивирано од изворникот на 2020-12-01. Посетено на 2024-01-06.