Бугарски национален сојуз - Нова Демократија
Бугарски национален сојуз - Нова демократија (БНС-НД) е ултранационалистичка политичка партија со седиште во Софија, Бугарија. Партијата тврди дека е патриотска и се залага за заштита на бугарските вредности. Нејзин водач е Бојан Расате.
Бугарски национален сојуз - НД Български национален съюз - НД | |
---|---|
Податотека:Logo of political party Bulgarian National Union – New Democracy.png | |
Водач | Бојан Расате |
Основана | 2014 |
Штаб | Софија, Бугарија |
Идеологија | Нео-нацизам Ултранационализам Анти-имиграција |
Полит. положба | Крајна десница |
Национално собрание на Бугарија | 0 / 240 |
Европски Парламент | 0 / 17 |
Мрежно место | |
idem.bg | |
[[Политика на Бугарија]] [[Список на политички партии во Бугарија|Политички партии]] [[Избори во Бугарија|Избори]] |
Партијата се спротивставува на прославата на, како што смета, небугарските празници во земјата, вклучително и 9 мај, „Денот на победата“. Тоа привлекува внимание со искажување протести и со практикување граѓанска непослушност.[1] Софија Глоуб ја сметал за десничарска, националистичка партија и коментирал дека има „беспрекорен рекорд никогаш да не освои ниту едно место на избори“.[2]
Цели на партијата
уредиПартијата сака силна централизирана државна моќ и ја отфрла сегашната повеќепартиска парламентарна демократија, нарекувајќи ја „компромитирана“. Таа сака да ги распушти сите политички партии и сите организации за кои тврди дека ги поткопуваат темелите на бугарската држава и општество. Според нив, националното собрание треба да биде составено од професионалци, избрани на регионална основа и компетентни во својата област претставници од различно потекло и професија. Средствата за производство и националната економија можат да бидат приватни и јавни, но стратешките сектори на економијата и јавниот живот треба да бидат во сопственост на бугарската држава.
Се залага за војска од мажи и жени и смета дека бугарската „татковина“ е поголема од сегашните граници. Бугарските малцинства надвор од Република Бугарија се составен дел на бугарската нација и државата треба да ги штити нивните интереси со какви било средства - во таквите региони спаѓаат Тракија, Македонија и Добруџа.
Избори
уреди- Парламентарни избори
Година | Гласове брой | Разлика | Места в НС |
---|---|---|---|
2014 | 5559 | Зголемување од 5559 | 0 од 240 места во БНС-НС |
2017 | - | - | - |
За парламентарните избори од 26 Март, 2017, Централна изборна комисија одбила да ја регистрира партијата на Бугарската национална унија - Нова демократија за учество на парламентарните избори.
Наводи
уреди- ↑ Clive, Leviev-Sawyer (28 January 2016). „Controversial Bulgarian 'national strike – we're here' protest proves to be a misnomer“. Sofia Globe. Посетено на 11 February 2016.
- ↑ Clive, Leviev-Sawyer (28 January 2016). „Controversial Bulgarian 'national strike – we're here' protest proves to be a misnomer“. Sofia Globe. Посетено на 11 February 2016.