Бугарски национален сојуз - Нова Демократија

Бугарски национален сојуз - Нова демократија (БНС-НД) е ултранационалистичка политичка партија со седиште во Софија, Бугарија. Партијата тврди дека е патриотска и се залага за заштита на бугарските вредности. Нејзин водач е Бојан Расате.

Бугарски национален сојуз - НД
Български национален съюз - НД
ВодачБојан Расате
Основана2014
ШтабСофија, Бугарија
ИдеологијаНео-нацизам
Ултранационализам
Анти-имиграција
Полит. положбаКрајна десница
Национално собрание на Бугарија
0 / 240
Европски Парламент
0 / 17
Мрежно место
idem.bg
[[Политика на Бугарија]]
[[Список на политички партии во Бугарија|Политички партии]]
[[Избори во Бугарија|Избори]]

Партијата се спротивставува на прославата на, како што смета, небугарските празници во земјата, вклучително и 9 мај, „Денот на победата“. Тоа привлекува внимание со искажување протести и со практикување граѓанска непослушност.[1] Софија Глоуб ја сметал за десничарска, националистичка партија и коментирал дека има „беспрекорен рекорд никогаш да не освои ниту едно место на избори“.[2]

Цели на партијата

уреди

Партијата сака силна централизирана државна моќ и ја отфрла сегашната повеќепартиска парламентарна демократија, нарекувајќи ја „компромитирана“. Таа сака да ги распушти сите политички партии и сите организации за кои тврди дека ги поткопуваат темелите на бугарската држава и општество. Според нив, националното собрание треба да биде составено од професионалци, избрани на регионална основа и компетентни во својата област претставници од различно потекло и професија. Средствата за производство и националната економија можат да бидат приватни и јавни, но стратешките сектори на економијата и јавниот живот треба да бидат во сопственост на бугарската држава.

Се залага за војска од мажи и жени и смета дека бугарската „татковина“ е поголема од сегашните граници. Бугарските малцинства надвор од Република Бугарија се составен дел на бугарската нација и државата треба да ги штити нивните интереси со какви било средства - во таквите региони спаѓаат Тракија, Македонија и Добруџа.

Избори

уреди
Парламентарни избори
Година Гласови Разлика Места во НС
2014 5559 Зголемување од 5559 0 од 240 места во БНС-НС
2017 - - -

За парламентарните избори од 26 Март, 2017, Централна изборна комисија одбила да ја регистрира партијата на Бугарската национална унија - Нова демократија за учество на парламентарните избори.

Наводи

уреди
  1. Clive, Leviev-Sawyer (28 January 2016). „Controversial Bulgarian 'national strike – we're here' protest proves to be a misnomer“. Sofia Globe. Посетено на 11 February 2016.
  2. Clive, Leviev-Sawyer (28 January 2016). „Controversial Bulgarian 'national strike – we're here' protest proves to be a misnomer“. Sofia Globe. Посетено на 11 February 2016.