Бродвејскиот Дени Роуз

„Бродвејскиот Дени Роуз“ (англиски: Broadway Danny Rose) — филм на режисерот Вуди Ален (Woody Allen) од 1984 година. Ален е автор и на сценариото, а главните улоги ги толкуваат: Вуди Ален, Миа Фароу (Mia Farrow), Ник Аполо Форте (Nick Apollo Forte), Сенди Барон (Sandy Baron), Милтон Берле (Milton Berle), Едвин Бордо (Edwin Bordo) и Сенди Ричман (Sandy Richman). Филмот претставува урнебесно духовита, но емоционална и носталгична приказна, посвета на губитниците со големо срце. За таквиот впечаток придонесува и црно-белата фотографија на познатиот Гордон Вилис (Gordon Willis). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во две категории (режија и оригинлано сценарио), како и за наградата „Златен глобус“ (за најдобра глумица). Инаку, Ник Аполо Форте, кој го глуми ликот на Лу Канова, навистина е пејач и автор на песните кои ги изведува во филмот.[1]

Содржина

уреди

Група пријатели во еден ресторан разговараат за познатиот бродвејски менаџер Дени Роуз при што еден од нив ја раскажува приказната за него: Дени не е могу успешен и претежно работи со непознати забавувачи, но тоа никако не ја намалува неговиот елан. Најголемата можност за успех му се укажува кога ја започнува соработката со некогашната голема ѕвезда, пејачот Лу Канова чија слава одамна е завршена, но Дени успева повторно да ја оживее неговата кариера. Лу е оженет, но истовремено е заљубен во Тина Витале и бара таа да биде присутна на неговиот настап. Затоа, тој го замолува Дени да ја донесе Тина на концертот, претставувајќи ја како својата девојка. Тина, пак, само што ја раскинала врската со Џони Рисполи, братот на двајца мафијаши, кои мислат дека Дени е новото момче на Тина и тгрнуваат во потера по него со намера да го убијат...

Наводи

уреди