Британско првенство во фудбал
Британско првенство во фудбал бил годишен фудбалски турнир на кој учествувале четири репрезентации од реионот на Обединетото Кралство: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска (до 1950 година се натпреварувала како Ирска или Обединета Ирска).
Британско првенство | |
---|---|
Основано | 1884 |
Згаснато | 1984 |
Регион | Обединето Кралство |
Број на екипи | 4 |
Најмногу титули | Англија (54 титули) |
Последен првак | Северна Ирска (1984) |
Турнирот започнал да се игра во 1884 година, и е најстариот фудбалски турнир. Укинат е во 1984 година после 100 години постоење.[1] Најуспешна репрезентација на ова натпреварување е Англија со 54 освоени титули. Шкотска освоила 41, Велс 12, а Северна Ирска (Ирска) 8 титули.
Историја
уредиПрвиот турнир бил одржан во 1884 година. Првиот натпревар на турнирот бил одигран на 26 јануари истата година помеѓу Ирска и Шкотска во Белфаст. Шкотланѓаните биле подобри со 5-0, а токму Шкотска била и првиот победник на Британското првенство со шест бода, Англија била второпласирана со четири бода, Велс имал два, додека последнопласирана била Ирска без бодови.
Формат
уредиФорматот на натпреварувањето бил таков да секоја екипа игра против другите екипи по еден натпревар (вкупно три натпревари за секоја екипа, а вкупно шест натпревари на турнирот). Секоја екипа за победа добивала по два бода, а за нерешено по еден бод. Екипата која освоила најмногу бодови на крајот била победник на турнирот. Доколку две или повеќе екипи имале ист број бодови, позицијата на табелата се делела.
Шампиони
уреди- Англија (54)
- Шкотска (41)
- Велс (12)
- Северна Ирска (8)
Наводи
уреди- ↑ „The British Home Championship“. Архивирано од изворникот на 2018-12-01. Посетено на 9 јули 2018.