Бриологија (од старогрчки: βρύον, брион — „мов“ и -λογία — „наука“)[1] — гранка на ботаниката која се занимава со изучување на мововидните растенија (бриофити) во кои спаѓаат мововите, џигерниците и роговниците). Лицата кои се занимаваат со набљудување, евидентирање, класификација и истражување на мововодните растенија се нарекуваат бриолози.[2] Полето на бриологијата честопати се изучува заедно со заедно со лихенологијата (науката за лишаите) поради сличностите во изгледот и заедничката еколошката ниша, иако мововидните и лишаите не припаѓаат на исто царство.

Бриолог во Украина како набљудува дрво.

Историја

уреди

На мововидните растенија првпат им е посветено посебно внимание во XVII век. Во 1717 г. германскиот ботаничар Јохан Јакоб Дилениус (1687–1747) го издал делото „Размножувањето на папратите и мововите“ додека професорувал на Оксфорд. За зачетник на бриологијат асепак се смета Јоханес Хедвиг, кој го објаснил размножувањето на ваквите растенија во трудот „Природоначни основи на мововите“ (Fundamentum historiae naturalis muscorum, 1792) и прв им изработил таксономија.

Бриологијата особено се задржува на таксономијата на мововидните растенија, нивната улога како биопоказатели, секвенцирањето на нивната ДНК и взаемната зависност помеѓу мововидните и другите растителни и животински видови. Досега се направени низа интересни откритија како паразитски џигерници (на пр. родот Cryptothallus) и веројатно месојадни џигерници како Colura zoophaga и Pleurozia.

Најзначајни центри на бриолошкото истражување се Бонскиот универзитет во Германија, Хелсиншкиот универзитет во Финска и Њујоршката ботаничка градина.

Познати бриолози

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „бриологија“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „Bryology at the New York Botanical Garden“. New York Botanical Garden. Архивирано од изворникот на 2004-02-22. Посетено на 24 December 2011.

Литература

уреди
  • Meylania, Zeitschrift für Bryologie und Lichenologie
  • Limprichtia, Zeitschrift der Bryologischen Arbeitsgemeinschaft Deutschlands

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Ботаника