Брижит Мари-Клод Макрон; родено Троњу , претходно Озјeр; (роденa на 13 април 1953 година) е поранешнa францускa учителка, позната по тоа што е сопруга на Емануел Макрон, актуелниот претседател на Франција и ко-принц на Андора.[1][2]

Брижит Макрон
Макрон во 2024 година
Сопруга на Претседателот на Франција

Брижит Макрон е родена како Брижит Мари-Клод Троњу во Амиен, Франција. Таа е најмладата од шесте деца[3] на Симон ( р. Пујол; 1910–1998) и Жан Троњу (1909–1994), сопственици на пет генерации Чоколатерија Троњу,[4] основана во 1872 година во Амиен.[5] Компанијата, сега позната како Жан Троњу, [6] ја води нејзиниот внук, Жан-Александар Троњу.[4]

Макрон, во тоа време Брижит Озјер, предавала литература на Колеџот Луси-Бергер во Стразбур во 1980-тите. [7] До 1990-тите, таа предавала француски и латински во Лисе Ла Провиданс, Исусовци (језуитско) средно училиште во Амиен. Од 2007 до 2015 година, таа предавала во Лисе Сен Луис де Гонзаг,[8] во 16-тата административна област на Париз, едно од најпрестижните француски приватни училишта. Во таа институција, таа била наставник по француски јазик на Фредерик и Жан Арно, синови на францускиот луксузен тајкун Бернар Арно.[9]

Таа и Емануел Макрон за прв пат се сретнале во училишниот драмски клуб во Лисе Ла Провиданс.[10] Таа била одговорна за театарскиот клуб за после училишни активности во кој тој одел кога имал 15 години заедно со нејзината ќерка Лоренс која била во неговиот клас.[11] Нивната врска привлече контроверзии, бидејќи таа е постара речиси 25 години, а тој бил малолетен; Макрон ја опиша како „љубов често неприфатена, често скриена, погрешно разбрана од многумина пред да се наметне“.[12]

Во 1989 година, Брижит Макрон (тогаш Озјер) неуспешно се кандидирала за место во градскиот совет на Трустершејм.[7] Тоа бил единствениот пат кога таа се кандидирала за функција. [7]

Во 2017 година, Брижит Макрон одигрува активна улога во претседателската кампања на нејзиниот сопруг; висок советник бил цитиран како рекол дека „нејзиното присуство е од суштинско значење за него“.[13] За време на неговата кампања, Емануел Макрон изјавил дека по неговото освојување на француското претседателство, неговата сопруга „ќе ја има улогата што отсекогаш ја имала, нема да биде скриена“.[14]

Тој предложил да се создаде официјална титука „прва дама“ (бидејќи сопружникот на францускиот претседател во моментов нема официјална титула) што доаѓа со свој персонал, канцеларија и лично доделен буџет за нивните активности. [15] По изборот на Макрон за претседател и неговиот претходно отворен став против непотизмот[16], петицијата против неговиот предлог собрала повеќе од 275.000 потписи, а француската влада објавила дека Брижит Макрон нема да ја носи официјалната титула „прва дама“ и нема да ѝ биде доделен официјален буџет.[17] Во интервју за францускиот магазин Ел, таа изјавила дека наскоро објавената повелба за транспарентност ќе ја разјасни нејзината „улога и придружните ресурси“, вклучувајќи го составот и големината на нејзиниот персонал. Оваа повелба била објавена наредниот петок.[18]

Парот Макрон и двојката Трамп на Г7 во 2019 година

Брижит Макрон била предмет на блескави написи во Дејли Меил, Франкфуртер Алгемајне Цајтунг и Д Обсервер . [19] Нејзиниот стил на облекување на меѓународните собири често бил коментиран. [20] Од своја страна, Фајненшл тајмс го опишува нејзиниот стил како сличен на оној на „девојка од Есекс“. [21] Блиска до семејството на Бернард Арно, таа била бесплатно облекувана од Луј Витон за време на нејзините официјални излегувања, што предизвикало контроверзии.[22][23]

Наводи

уреди
  1. „French President arrives in Japan for G20 summit“. NHK World. June 26, 2019. Архивирано од изворникот на 28 June 2019. Посетено на 24 July 2019.
  2. „Brigitte Trogneux – La biographie de Brigitte Trogneux avec Gala.fr“. Gala.fr (француски). Média Prisma. Архивирано од изворникот на 25 April 2017. Посетено на 12 April 2017.
  3. „Brigitte TROGNEUX – Fraternelle : l'encyclopédie biographique de l'Homo erectus – Geneanet“. Geneanet. Посетено на 15 April 2017.
  4. 4,0 4,1 Lévy-Frébault, Tiphaine (25 June 2015). „Qui est Brigitte Trogneux, l'épouse d'Emmanuel Macron?“. L'Express. Посетено на 3 May 2017.
  5. „Arras : la chocolaterie Trogneux va déménager sur la place des Héros“. La Voix du Nord. 30 October 2015. Посетено на 7 May 2017.
  6. „Homepage“. Jean Trogneux. Архивирано од изворникот на 9 May 2017. Посетено на 7 May 2017.
  7. 7,0 7,1 7,2 Hartzer, Renaud (8 May 2017). „Brigitte Macron a fait ses premiers pas en politique... en Alsace“. France 3 Grand Est. Посетено на 8 May 2017.
  8. „Brigitte Macron“. elysee.fr (англиски). 2018-11-15. Посетено на 2022-05-31.
  9. „Les petits secrets de la famille Arnault, propriétaire de LVMH“. Capital.fr (француски). 2017-04-05. Посетено на 2021-02-14.
  10. Druckerman, Pamela (2 February 2017). „Sex and the French Elections“. The New York Times. ISSN 0362-4331. Посетено на 12 April 2017.
  11. „France's Macron defied parental veto on schoolboy love affair with teacher“. Reuters. 12 April 2017. Посетено на 12 April 2017.
  12. Sommerlad, Joe (20 June 2022). „French parliamentary elections: Emmanuel Macron in profile“. The Independent (англиски).
  13. „The Singular Woman Behind France's Front-Runner“. Bloomberg.com. 7 April 2017. Посетено на 12 April 2017.
  14. Pithers, Ellie. „How Brigitte Macron Is Redefining First Lady Dressing“. British Vogue (англиски). Посетено на 12 April 2017.
  15. Willsher, Kim (2017-08-06). „Emmanuel Macron under fire for plan to give wife 'first lady' role“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2019-09-08.
  16. Masters, James (2017-08-07). „Emmanuel Macron under fire over wife's 'First Lady' role“. CNN (англиски). Посетено на 2022-05-28.
  17. Willsher, Kim (2017-08-08). „No 'first lady' title for Brigitte Macron after petition over her status“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2017-08-17.
  18. „Brigitte Macron: A 'first lady' in all but title – France 24“. France 24 (англиски). 2017-08-17. Посетено на 2017-08-17.
  19. „Les 50 Français les plus influents du monde“. Vanity Fair. December 2017. стр. 90.
  20. Julia, Avellaneda (2017-09-21). „Les jupes courtes de Brigitte Macron à New York divisent la presse internationale“. Madame Figaro (француски). Посетено на 2024-08-27.
  21. „Le Financial Times s'interroge sur le style "cagole" de Brigitte Macron“. L'Express (француски). 2017-05-10. Посетено на 2024-08-27.
  22. „Polémique : Brigitte Macron habillée gratuitement par LVMH“. Marie Claire (француски). Посетено на 2024-08-27.
  23. „Les petits secrets de la famille Arnault, propriétaire de LVMH“. Capital.fr (француски). 2017-04-05. Посетено на 2024-08-27.