Бригада на Народната одбрана

Бригада на Народната одбрана била формирана на 11 септември 1944 година во Прилеп, и дооформена во Горно Врановци, Велешко.[1] Делувала на територија на цела Македонија како составен дел на Корпусот на народната одбрана. Организатор и раководител на дејноста во Македонија бил тогашниот началинк на ОЗНА во Македонија, Цветко Узуновски - Абаз. Командант на бригадата бил Тодор Настевски - Бодо, политички комесар бил Коле Млекарот, а младински раководител, Кочо Битољану.[1]

Бригада на Народната одбрана
Активна11 септември 1944
ЗемјаМакедонија
Видбригада
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Тодор Настевски - Бодо

Делување

уреди

Бригадата делувала на територијата на цела Македонија, а нејзини делови се наоѓале во составот на Одделението за заштита на народот. Бригадата се состоела од три батаљона распоредени во село Горно Врановци, Велешко, во Источна Македонија и во Западна Македонија. Активностите на бригадата подразбирале сузбивање на: остатоците од реакционерните сили, колаборационистите, остатоци од непријателски единици, шверц, и друго.[1]

Во рамките на завршните операции за конечно ослободување на Македонија, оваа бригада имала задача да влегува во ослободените градови на Македонија, да ги обезбедува јавните објекти и да ги приведува соработниците на окупаторот. На 13 ноември 1944 година штабот на бригадата влегол во ослободено Скопје, и во текот на декември 1944 година, по реорганизацијата, била оформена Осмата дивизија на Народната одбрана.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​164-165

Поврзано

уреди