Брзозборки
(Пренасочено од Брзозборка)
Брзозборките се зборовни конструкции тешки за изговор, се изговараат брзо и при брзиот изговор се прават грешки кои предизвикуваат весело расположение.[1] Во македонската литература брзозборки пишувале Васил Куноски, Рајко Јовчевски, Киро Донев и др.
Примери
уреди- Бел петел бела пепел прета.
- Џеб, џепче, џепчиња без денарчиња.
- Едно дрво јаворово преку поле Лазорово.
- Лош кантар црн катран мереше.
- Во дол бол има вол.
- Дрзок дрвар в дрма дрва врзал.
- Ситна роса ситно трева росеше
- Страчка каша варила од јачмен и просо, а пак ќосот во ќошот си го чепкал носот.
- Петре плети плот, да помине поп, да растуре плот, да ни дојде гос.
- Кантар тргат катран.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Македонски јазик - Димитар Пандев, Милка Миноска, Стојка Даскаловска