Брезова гулапка

вид габа

Брезова гулапка (науч. Russula betularum) — мал, многу блед член на родот на гулапка и семејството на гулапките (Russulaceae). Обично има бела до многу бледо розова боја, не може да се јаде и расте во симбиоза со бреза.

Брезова гулапка
Научна класификација [ у ]
Царство: Габи
Оддел: Столпчести габи
Класа: Агарикомицети
Ред: Гулапковидни
Семејство: Гулапки
Род: Гулапка
Вид: Брезова гулапка
Научен назив
Russula betularum
Hora
Синоними

Russula emetica var. betularum

Таксономија

уреди

Специфичниот епитет betularum „на брезите“[1] се однесува на неговата поврзаност со брезата (видови Бреза). Некои извори го сметаат за разновидност на Бесната гулапка.

Опис

уреди

Шапката е конвексна до сплескана и често има централна вдлабнатина. При проширување, маргината станува избраздена и носи ниски брадавици. Таа е 2-5 см во пречник, а кутикулата може целосно да се излупи. Бојата на шапката е од бела до бледо розова, до длабока розова, па дури може да биде и бледа велур боја. Иако почесто е бело со бледо розово руменило, во центарот станува бледо жолто окер. Дршката е типично подолга од пречникот на шапката и е цилиндрично или малку во форма на палка. Бело е и многу кревко. Ливчињата се исто така бели, и добро распоредени, а отпечатокот на спорите е бел. Месото е бело и има лут вкус.[2] Може да се помеша со Russula fragilis ( Елиас Магнус Фрес) кои можат да бидат со бледа боја, а се јавуваат во истото живеалиште. Сепак, кутикулата на вториот вид само три четвртини се лупи, обично потемна во центарот и со виолетови тонови. Има и обележани назаби на рабовите на ливчињата.

Распространетост и живеалиште

уреди

Брезовата гулапка се појавува во лето и рана есен. Распространета е во Британија, Европа и Скандинавија и веројатно е во микориза со брезите. Често расте на влажни места во шумите.[2]

Јадливост

уреди

Оваа печурка не се јаде и има лут „пиперкаст“ вкус.[2] Многу видови со црвена капа со горчлив вкус може да предизвикаат проблеми ако се јадат сирови. Симптомите се главно гастроинтестинални по природа: дијареа, повраќање и колични стомачни грчеви. Активниот агенс не е идентификуван, но се смета дека се сесквитерпени, кои се изолирани од сродниот род Lactarius и од Russula sardonia.[3]

Наводи

уреди
  1. Simpson DP (1979). Cassell's Latin Dictionary (5. изд.). London: Cassell Ltd. стр. 883. ISBN 0-304-52257-0.
  2. 2,0 2,1 2,2 Roger Phillips (2006). Mushrooms. Pan MacMillan. стр. 20. ISBN 0-330-44237-6.
  3. Benjamin, Denis R. (1995). Mushrooms: poisons and panaceas — a handbook for naturalists, mycologists and physicians. New York: WH Freeman and Company. стр. 369. ISBN 0-7167-2600-9.