Брдо (ткаење)
Брдо — дел од разбојот за ткаење низ кој се воведува основата.[1] Се користи за раздвојување и оставање проред меѓу нишките на основата, да го води движењето на совалката низ разбојот и да го натиснува јатокот на своето место.[2][3][4]
Брдото е утврдено во брдила и се состои од рамка со многу вертикални изрези.[4] Во разбојот кој се користел во Македонија, брдото се состои од две дрвени прачки поврзани со повеќе стапчиња од трска низ кои поминувале нишките. Во зависност од бројот на изрези во брдото зависи финоста на исткаениот материјал, што погусто, толку пофина ткаенина.
Менување
уредиБрдата може да се менуваат во брдилата така што се овозможува со еден ист разбој да се ткаат различни видови ткаенини.
Историја
уредиМодерните брда се прават со поставување на плоскати ленти или жици (направени од јаглен или не’рѓосувачки челик [5]) меѓу две половини од кружни дрвени ребра и севкупно зацврстени со насмолена врвца.[4]
Историски, брдата се правеле од трска или други растенија со слични особености.[2][6] Стапчињата од трска се поставувале меѓу ребрата на ист начин како што сега се поставува жицата
Во 1738 година, Џон Кеј ги заменил стапчињата од трска со рамна железна или месингена жица, што било брзо прифатено.
При изработка на брдо, жицата е сплескува на рамномерна дебелина со поминување низ валјаци. Сплоснатата жица потоа се исправа, се заоблуваат рабовите и се мазни. Последниот чекор е да се пресече жицата на потребната должина и да се склопи. Насмолената врвца што го врзува брдото во целина, се замотува околу секое дрвено ребро и меѓу запците за да ги држи како целина на потребното растојание.[6]
Наводи
уреди- ↑ „брдо“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 "Reed." The Oxford English Dictionary. 2nd ed. 1989.
- ↑ Curtis, H P (1921). Glossary of Textile Terms. Arthur Roberts Black Book. Manchester: Marsden & Company, Ltd. 1921. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 2009-06-23.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 1911 Encyclopædia Britannica
- ↑ Cartwright, Wendy (2007). Weave. Murdoch Books. стр. 10. ISBN 1-74045-978-4. Посетено на July 6, 2009.
- ↑ 6,0 6,1 Fox, Thomas William (1894). The mechanism of weaving. London: MacMillan and Company. стр. 349. Посетено на June 27, 2009.