Брдило (вообичаено множина – брдила) – дел од разбојот за ткаење каде што се става брдото.[1]

Јапонска ткајачка користи брдила монтирани на греда над глава. Гравура од Јанагава Шигенобу, 1825-1832.

Брдилото претставува масивна дрвена рамка со вметнато „брдо“ (решетка од цврсто поставени тенки стапчиња од трска) која виси на рамката од разбојот така што горниот дел е прицврстен, а масивната дрвена рамка во која се наоѓа брдото може да се движи по должината на основата за да го натиснува јатокот.

Нишките од основата се поставуваат во отворите на брдото. Со „совалката“ се вметнува јатокот меѓу нишките од основата, потоа се менува положбата на ништите (тие што биле долу одат горе, и обратно) и со брдилото се натиснува ткаеното.

Наводи

уреди