Совалка или солка – дрвена направа со која се внесува јатокот низ основата при ткаење[1]. Јатокот се намотува на совалката и со неа ткајачот полесно го протнува јатокот низ „зевот“ на нишките на основата при ткаење со рачен разбој.

Совалка со макара

Наједноставните совалки се направени од тесно, рамно парче дрво со жлебови на краевите за да го држи јатокот.

Наводи

уреди
  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2011). Толковен речник на македонскиот јазик. V. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 478. ISBN 978-608-220-016-3.

Надворешни врски

уреди