Брат или сестра
Брат[1][2] или сестра[3][4] — дете родено од иста двојка родители или од еден заеднички и еден различен родител. За ова сродство во македонскиот јазик нема еднозначен збор. На други јазици, брат или сестра се преведуваат како sibling - на англиски, Geschwister - на германски, fratrie - на француски, sourozenec - на чешки. Синовите од едни родители меѓу себе се нарекуваат браќа, а ќерките се нарекуваат сестри.
Степен на сродство
уредиВо зависност од степенот на сродство, браќата и сестрите можат да бидат:
- Полнокрвни (родени) – од ист пар биолошки родители,
- Полукрвни (природени) - од еден заеднички и еден различен биолошки родител,
- Доведени браќа или сестри - кога двајца родители немаат заеднички деца, но имаат синови или ќерки од претходните бракови или ако двојката е бездетна, но има посвоено деца од различни родители.
Обично, браќата и сестрите растат заедно во едно семејство и имаат силни чувства еден кон друг - љубов, наклонетост. Тие често имаат слични интереси и си личат еден на друг, особено еднојајчните близнаци. Односите исто така можат да се усложнат, најчесто во врска со поделба на наследство.
Редоследност
уреди- Првороден - првороден син. Во патријархалните семејства, тој добива најголемо наследство, а во династичките семејства - право на владеење, в. примогенитура.
- Најмладиот син - како син кој останува во семејството и се грижи за своите родители, според некои древни обичаи го добива наследството.
- Ќерките обично добивале мираз кога се мажеле.
Во современа Македонија, браќата и сестрите имаат еднакви наследни права.