Бранислав Трајковиќ
Бранислав Трајковиќ (Оџаци, 29 август 1989) е српски фудбалер, кој настапува на позицијата стопер.
Клупска кариера
уредиТрајковиќ ги минал помладите селекции на екипата на Хајдук од Кула, а за првиот тим на овој клуб прв пат настапил во сезоната 2005/06.[1] Подоцна бил како позајмен играч отстапен на составите на ПОФК Кула и на Раднички од Сомбор, а за екипата на Хајдук од Кула повторно настапувал од почетокот на вториот дел од сезоната 2007/08. Во наредниот период станал стандарден првотимец на суперлигашот од Кула.[1]
На последниот ден од летниот преоден рок во 2010 година, Бранислав Трајковиќ потпишал договор со екипата на Војводина.[2] Наредните три сезони и половина ги поминал во клубот од Нови Сад, за време на кои двапати настапил во финалето од Купот на Србија (2011, 2013 ), но и во двата наврати бил поразен. Во месец мај 2013 година, тој бил вклучен во идеалните 11 играчи на српската Суперлига за сезоната 2012/13.[3]
Во месец јануари 2014 година, Трајковиќ потпишал договор со времетраење од три години и половина со екипата на Партизан.[4] На 6 август 2014 година, во возвратниот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите против екипата на Лудогорец, Трајковиќ без топка го удрил Словенецот Безјак и добил директен црвен картон.[5] Во исто време, тој бил етикетиран како главен виновник за елиминацијата на екипата на Партизан. По тримесечно натегање, на 13 октомври 2014 година тој го раскинал договорот со црно-белите, кој бил со важност до 2017 година, но поради меѓусебно незадоволство по само шест месеци било ставено крај на соработката.[6]
Во месец јануари 2015 година, тој потпишал договор со казахстанскиот прволигаш Ордабаси,[7] во чиј дрес ги поминал наредните две сезони. На почетокот на месец септември 2017 година се вратил во српскиот фудбал и потпишал со екипата на Земун со кој се натпреварувал во Суперлигата.[8] Во месец март 2018 година, на првенствениот натпревар против клубот на Јавор, Трајковиќ ја скршил ногата, поради што заминал на долга пауза.[9] Се вратил на теренот во наредната сезона и за екипата на Земун го одиграл првиот дел од сезоната 2018/19.
На почетокот на месец април 2019 година, тој потпишал договор со тимот Ислоч Минск регион, кој настапувал во Премиер лигата на Белорусија.[10] Трајковиќ не успеал да одигра ниту еден официјален натпревар за овој клуб. Тој одиграл еден натпревар за резервниот тим, а само еднаш бил на клупата, и тоа на натпреварот од Купот против составот на Шахтјор од Солигорск, па на почетокот на месец јуни 2019 година морал да го раскине договорот.[11] По повеќе од половина година без ангажман во ниту еден клуб, Трајковиќ во јануари 2020 година потпишал едногодишен договор со Македонскиот прволигаш Работнички од Скопје.[12]
Репрезентација
уредиВо јануари 2013 година Трајковиќ ја добил првата покана за сениорската репрезентација на Србија. Селекторот Синиша Михајловиќ го вклучил во списокот на играчи за пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Кипар, кој се одиграл на 6 февруари 2013 година во Никозија.[13] Трајковиќ одговорил на поканата, но не добил можност да насатапи на тој натпревар.[14] Својот единствен настап за сениорската репрезентација на Србија го имал на 15 октомври 2013 година во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 година против репрезентацијата на Македонија (5:1) одиграна во Јагодина.[15]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Branislav Trajković“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 2020-03-07. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link) - ↑ „Lazetić i Trajković u Vojvodini“. b92.net. 31 август 2010. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Idealnih 11 Superlige: Partizan pet, Voša tri, Zvezda, Hajduk i Srem po jednog predstavnika! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 27 мај 2013. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Trajković potpisao za Partizan“. partizan.rs. 10 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 13. 01. 2014. Посетено на 13 јануари 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Ludogorec opet koban za Partizan, glupost Trajkovića prekinula san o Ligi šampiona“. novosti.rs. 6 август 2014. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Razišli se Partizan i Trajković“. mondo.rs. 13 октомври 2014. Посетено на 13 октомври 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Branislav Trajković konačno pronašao novi klub“. mozzartsport.com. 15 јануари 2015. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Zemun odradio odličan posao - Stigli Šaranov i Trajković!“. sportske.net. 1 септември 2017. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Zemun izgubio bodove i defanzivca, Trajković slomio nogu!“. zurnal.rs. 5 март 2018. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Бранислав Трайкович продолжит карьеру в «Ислочи»“ (руски). fcisloch.by. 3 април 2019. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Защитник Бранислав Трайкович покинул клуб“ (руски). fcisloch.by. 4 јуни 2019. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Бранислав Трајковиќ ново засилување за Работнички“. fkrabotnicki.com. 16 јануари 2020. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Trajković: Najveća moguća čast“. b92.net. 22 јануари 2013. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Branislav Trajković“. reprezentacija.rs. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Trajković ostvario san u Jagodini“. sportske.net. 16 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2018. Посетено на 14 март 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)