Бојата на калинките
„Бојата на калинките“ (ерменски: Նռան գույնը) — советски филм од 1968 година, во режија на Сергеј Параџанов, кој е автор и на сценариото, засновано врз поезијата на ерменскиот поет Сајат Нова. Главните улоги ги играат: Софико Чиаурели, Мелкон Алкесанјан, Вилен Галстјан, Ѓорги Гегечкори, Спартак Багашвили итн. Автор на музиката е Тигран Мансурјан.[1]
Во 1982 година, филмот се нашол на списокот на десетте најдобри филмови на сите времиња, според изборот на Cahiers du cinéma.[2] Во 2012 година, во изборот на најдобрите филмови во историјата според Sight & Sound, „Бојата на калинките“ бил рангиран на 84. место,[3] а исто така се појавил и на списокот на најдобрите филмови во изборот на Time Out.[4] На мрежното место на Rotten Tomatoes филмот има рејтинг од 91%.[5]
Содржина
уредиФилмот го прикажува животот на ерменскиот поет од XVIII век, Сајат Нова, од неговото детство до смртта. Филмот е поделен на осум дела: „Детството“, „Младоста“, „На дворот на кнезот“, „Манастирот“, „Сонот“, „Староста“, „Ангелот на смртта“ и „Смртта“. Во нив се прикажани разни сцени од животот на Сајат Нова и ерменски обичаи, како: верското воспитување во младоста, капењето на мажите и жените во јавната бања, молитвата во дворецот на кнезот пред почетокот на ловот, вљубувањето во принцезата, заминувањето во манастир, ритуали поврзани со крштевки и погреби, заминувањето од манастирот, жртвено колење овци, смртта на светиот татко Лазар, смртта на поетот итн.[1]
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 IMDb, The Color of Pomegranates (1969) (пристапено на 24.9.2017)
- ↑ „Cahiers Du Cinema, Top10 Lists“. Архивирано од изворникот на 2012-03-27. Посетено на 2017-09-25.
- ↑ British Film Institute (пристапено на 25.9.2017)
- ↑ Time Out Top100 Films (Centenary)
- ↑ Rotten Tomatoes (пристапено на 24.9.2017)