Боуфингер (англиски: Bowfinger) е американски филм од 1999 година, во режија на Френк Оз). Главните улоги ги толкуваат: Стив Мартин, Еди Марфи, Хедер Греам и Роберт Дауни Џуниор.

Содржина уреди

Боби Боуфингер е најнеуспешниот холивудски режисер, кој сака да го натера Кит Ремзи (го игра Марфи), кој е најголемата ѕвезда на Холивуд, да игра во неговиот нискобуџетен филм. За таа цел, Боби планира да го сними филмот тајно, така што Кит не е свесен дека глуми во филмот.[1][2][3][4][5]

Наводи уреди

  1. Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 16.
  2. Антена, број 856, 21.11.214, стр. 18.
  3. Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 24.
  4. Антена, број 853, 31.10.2014, стр. 22.
  5. „Боуфингер“, Антена, број 888, 3.7.2015, стр. 24.