Борџии (тв серија)
„Борџии“ e телевизиска серија која се прикажувала на каналот „Шоутајм“, од 2011 до 2013 година, во режија на Нил Џордан. Главните улоги ги толкуваат: Џереми Ајронс и Франсоа Арно.[1]
Содржина
уредиДејството на серијата се одвива во Италија, во времето на ренесансата. Во неа се прикажуваат политичките интриги и љубовните авантури на членовите на моќното семејство Борџија, од кои посебно се издвојуваат таткото Родриго Борџија (го игра Ајронс), кој се воздигнува до највисоките позиции и постанува папа Александар VI, како и синот, Чезаре Борџија, кој од младо и невино момче се претвора во бездушен силеџија.[2]