Борче Јовчевски
Борче јовчевски (4. Март 1957 година, во Велес) е македонски алпинист, инструктор, планинар и металоглодач, познат и како учесник на Македонските Алпинистички Експедиции. Добитник на многубројни награди. Повеќе пати е бирани за најдобар спортист на Велес. Најдобри спортисти на Македонија. Деветоноемвриска награда. ,, 11 Октомври'' највисоко признание за животно дело. Како и многу плакети и признанија од Планинарски Сојуз на Македонија и др.
Борче Јовчевски | ||
Роден | 4. Март 1957 Велес | |
---|---|---|
Националност | Македонец |
Планинарство
уредиВо планинарска организација членува уште во 1974 година, зачленувајќи се во - Велес. Веќе во 1976 година започнува да се занимава и со спелеологија, а во 1981 година започнува да се бави и со алпинизам, одговарајќи на поканата за подготовките за Македонска алпинистичка експедиција „Анди '82“.
Алпинизам
уредиСо алпиниза започнува се бави во 1981 година, одговарајќи на поканата за подготовките за Македонска алпинистичка експедиција „Анди '82“. Од тој момент тој станува член на сите одржани алпинистички експедиции во тој период: Македонска алпинистичка експедиција „Анди '82“, Македонска Алпинистичка Експедиција „Памир '84“ и Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '88“, Mакедонска алпинистичка хималајска експедиција „Еверест '89“ (МАХЕ Еверест '89). Во рамките на Македонска алпинистичка експедиција „Анди '82“ тој успешно се искачува при аклиматизацијата на врвот Чопикалки и на Хуаскаран. Како дел од Македонска Алпинистичка Експедиција „Памир '84“ пак, успева да се искачи на Пик Четворјах како аклиматизација, но не успева да стигне до врвот на Пик Комунизам – поради извртување на коленото. Имено носејќи тежок ранец во еден момент на патеката следејќи го качувачот пред себе, едната нога одеднаш му пропаднала во пукнатина на падината од мраз прикриена со нов снег и при падот обидувајќи се да не падне целосно во дупката, но и да не се стркала надолу по стрмнината, телото му дошло во таква положба да ногата му се извиткала. Со помош на пријателите, бил симнат во базниот логор и ногата му била ставена во гипс.
Во Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '86“ тој е дел од јуришната екипа која стигнува до Јужното Седло на височина од околу 7480 m н.в. и со тоа направиле прво повторување на Полската насока.
Како дел од Mакедонска алпинистичка хималајска експедиција „Еверест '89“ (МАХЕ Еверест '89), Борче Јовчевски стигнал до последниот висински логор на висина од 8000 m н.в. заедно со Димитар Илиевски - Мурато Таму останал и не продолжил кон врвот поради смрзнатини на нозете кои успеал да ги спаси со греење камења кои ги ставал во камашните и вреќата. Во тој логор и останал да ги чека своите пријатели да се врати по искачувањето на врвот.
Покрај овие искачувања, Борче има направено многу планинарски и алпинистички искачување во планините и карпите кaрпите и планините во Македонија, на Балканот, во Словенија, и во западните и централните Алпи. Има направено голем број првенствени алпинистички искачувања на практично сите алпинистички локалитети во Македонија: Матка, Демиркаписката Клисура, Нежиловските Стени, Остра Карпа, клисурата Пешти, Вихрен, Проклетије и тн.