Борис Бунев
Борис Бунев, со псевдоним Боров, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација.
Борис Бунев | ||
Роден | 1895 Тетово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1967 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиБорис Бунев e роден во релативно богатo семејства од Македонија. Негова сестра е Мара Бунева - деец на ВМРО, која влегла во редовите на Револуционерната организација благодарение на него. Тој има и брат на име Васил, кој станува српски офицер под името Василиј Буневич.
Борис Бунев учи во Трговската гимназија во Солун. Во Втората балканска војна бугарските војски се повлекуваат од градот и тој оди со нив за Софија. Таму завршува воената академија и станува кавалерист во коњскиот полк при царската гарда. Подоцна учествува и во Првата светска војна. Во тоа време ја повикал во Софија својата сестра Мара која завршува трговска гимназија и го посетува Софискиот универзитет. Таа се омажи за еден од најдобрите пријатели на Борис Бунев - кавалерискиот офицер Иван Хранков.
Борис Бунев ја напушта армијата по завршувањето на Првата светска војна, за да земе учество во македонската револуционерната борба. Се вклучил во редовите на ВМРО и станува инструктор на четите, а подоцна и на терористичките групи. Се населил во Петрич на инсистирање на револуционерниот комитет. Бунев учествува на VI конгрес на ВМРО во февруари 1925 година во Србиново на кој Иван Михајлов е избран за претседател на ЦК. За време на Петричкиот инцидент во октомври 1925 година Бунев е еден од главните организатори на заштитата на Петричко крај од грчките напаѓачите. По смртта на својата сестра Мара, тој активно учествува во сите акции на организацијата. Станува многу близок со водачот на ВМРО - Иван Михајлов, кој во знак на благодарност во името на сестра му станува негов кум. Извесно време Борис Бунев живее во Скопје [1]. Во 1928 година е делегат на Седмиот конгрес на ВМРО. Во 1934 година е осуден како член на ВМРО од страна на новата властр предводена од Кимон Георгиев и Дамјан Велчев. Отслужува казната во Софискиот централен затвор, од каде што е ослободен во 1939 година со општа амнестија.
По воведувањето на комунистичката власт, Борис Бунев е киднапиран на 10 септември 1944 година. Однесен е во логор на островот Белене, од каде е пуштен на слобода во 1953 година со групи на преживеани политички затвореници по смртта на Сталин [2].
Наводи
уреди- ↑ „ВМРО - Силата на българския дух“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2011-09-19.
- ↑ Борис и Милко Буневи – кръвта не става вода