Кимон или Кимо Георгиев, — македонски револуционер, поројски и солунски војвода на Македонската револуционерна организација.

Кимон Георгиев
Роден 1867
Негован, Лагадинско, Егејска Македонија
Починал 31 декември 1907
Кукушко, Егејска Македонија

Животопис уреди

Роден е во лагадинското село Негован. Влегува во ВМОРО како терорист. Во 1904 година станува четник при Христо Чернопеев, а од следната 1905 година е војвода на самостојна чета, која дејствуваше во Поројско и Солунско. Негов четник е Антон Костадинов.

Кимон Георгиев загинува во борба со турските сили во 1907 година заедно со целата своја чета [1][2].

Извори уреди

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 31.
  2. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 65.