Борис Џепароски (роден во 1973, во Охрид, Македонија – починал на 13 октомври 2020, во Германија) — македонски вајар.[1]

Борис Џепароски
Роден роден 1973
Охрид,  СФРЈ
Починал 13 октомври 2020
Германија,  Германија
Националност Македонец
Занимање вајар

Џепароски создавал дела главно од масивно дрво на кое му давал душа.

Животот го поминал на релација Охрид-Франкфурт, каде што бил на привремена работа, и иако немал претходно уметничко образование, создавал врвни дела.

Пошироката јавност го запознала во 2006 година, кога ја изработил скулптурата на Свети Наум во природна големина, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Ја работешел на своја иницијатива, но со благослов и поддршка на отец Нектариј, старешина на манастирот. Набрзо станала вистинска атракција за посетителите. Самиот тој ја означил како негово врвно и капитално остварување.

Со моторна пила имал изработено многубројни уметнички дела во својата Република Македонија, која неизмерно ја сакал, но и во втората татковина и негов втор дом- Германија.

Џепар, како што го знаат охриѓани се обидел и како дизајнер во изработка на камен. Во знак на голема почит кон Тоше Проески, тој изработил гитара од посебен вид бел и црн камен, која е поставена крај неговиот гроб во Крушево[2]..

Наводи

уреди