Бони Голд (родена 1948 година)[1]американска математичарка, математички логичар, филозоф по математика и математички едукатор. Таа е пензиониран почесен професор по математика на Монмаут универзитетот.[2]

Голд докторирала во 1976 година на Корнел универзитетот, под надзор на Мајкл Д. Морли. Истражувањето од нејзината дисертација, Компактните и -компактните формули во ,[3] подоцна биле објавени во списанието Archiv für Mathematische Logik und Grundlagenforschung, и проблематичната инфинитивна логика.[4] Била претседател на одделот за математика на Вобаш колеџот, пред да се пресели во Монмаут, каде што исто така станала раководител на одделот.[5]

Во 2012 година, Голд станала победник на 22-та Луис Хеј награда на Здружението на жени во математиката, за нејзиниот придонес во математичката едукација. Цитатот од наградата ја истакнал нејзината работа во образовната проценка за додипломските студии по математика, која кулминирала со објавување на издадениот волумен, Практики за проценка во додипломската математика.[6] Оваа книга, заедно уредена со Сандра З. Кит и Вилијам А. Мерион, била објавена од страна на Математичкото здружение на Америка (МАА) во 1999 година.[7]

Со Роџер А. Симонс, Голд е исто така уредник на друга книга, Доказ и други дилеми: Математика и Филозофија (МАА, 2008).[8] Нејзиниот есеј "Како вашата филозофија на математиката, влијае врз вашето учење" бил избран за да биде вклучен во Најдоброто пишување по математика за 2012 година. Во него, таа тврди дека филозофијата на математиката влијае врз наставата по математика, дури и кога филозофските принципи на наставникот се имплицитни и неистражени.[9]

Наводи

уреди
  1. Birth year from VIAF authority control file, accessed 2018-11-27.
  2. „Bonnie Gold“, Department of Mathematics Faculty and Staff, Monmouth University, Архивирано од изворникот на 2018-05-14, Посетено на 2018-05-13
  3. Бони Голд at the Mathematics Genealogy Project
  4. Review of Compact and  -compact formulas in  , Arch. Math. Logik Grundlag. 1978–1979:
  5. Monmouth University Professor Received Prestigious Math Award, Monmouth University, January 23, 2012
  6. „Bonnie Gold: Twenty Second Annual Louise Hay Award“, Past Hay Award Recipients, Association for Women in Mathematics, Архивирано од изворникот на 2016-08-27, Посетено на 2018-05-13
  7. Review of Assessment Practices in Undergraduate Mathematics:
    • Lesser, Lawrence M. (May 2000), The Mathematics Teacher, 93 (5): 439, JSTOR 27971432CS1-одржување: списание без наслов (link)
  8. Reviews of Proof and Other Dilemmas:
  9. Pitici, Mircea, уред. (2013), The Best Writing on Mathematics 2012, Princeton University Press, стр. xx, ISBN 9780691156552

Надворешни врски

уреди