Боже, чувај го Царот!

(Пренасочено од Боже, чувај го царот)

„Боже чувај го Царот!“ (руски: Боже, Царя храни!) — државна химна на доцната Руска Империја. Песната била избрана на конкурс во 1833 г. Нејзин композитор е виолинистот Кнез Алексеј Фјодорович Лавов, а текстописец е романтистичкиот дворски поет Василиј Андреевич Жуковски. Химната важела сè до 1917 г., кога Октомвриската револуција ја соборила царистичката монархија и ја заменила химната со Интернационалата како нова државна химна.

Боже чувај го Царот!
Боже, Царя храни!

Државна химна на Русија  Руско Царство
ТекстВасилиј Андреевич Жуковски
МузикаАлексеј Фјодорович Лавов
Усвоена1833
Укината1917
Бог чувај го царот!

Мелодијата може да се чуе во Увертирата 1812, Словенскиот марш, „Хаил, Пенсилванија!“ (официјалната државна песна на Пенсилванија, САД), „Бог, семоќниот!“; „Цврсто врзани во братство“, официјалната песна на Редот на Стрелата која ја користи истата мелодија, но со поинаков текст.

Текст

уреди

Руски

уреди
Боже, Царя храни!
Сильный, державный,
Царствуй на славу, Hа славу намъ!
( 2x :)
Царствуй на страхъ врагамъ,
Царь православный.
Боже, Царя, Царя храни!
( 2x :)

Македонски

уреди
Боже, чувај го Царот!
Силниот, величествениот,
Царувај за слава,
За наша слава!
( 2x :)
Царувај на стравот на непријателите,
Царе православен,
Божен чувај го Царот,
Чувај го Царот!
( 2x :)

Снимки

уреди

Надворешни врски

уреди