Боанскиот (кинески: 保安语 Bǎo'ān) е монголски јазик, мајчин јазик на Боанците. Јазикот се зборува во Кина. Според податоците од 1985 година, јазикот го зборувале околу 8.000 луѓе, што опфаќа 75% од Боанците и некои други етнички групи. Јазикот има неколку дијалекти кои се под одредено влијание од кинескиот и тибетскиот јазик. Најчесто проучуван дијалект е тонгренскиот. Нема писмо со кое се пишува овој јазик.[2]

Бонански јазик
Застапен воКина
ПодрачјеГансу, Џингхај
Говорници6,000  (1999)[1]
Јазично семејство
монголски
  • широнголски
    • бонански јазик
Јазични кодови
ISO 639-3peh

Фонологија

уреди

Фонологијата на боанскиот е под силно влијание на тибетскиот јазик. Согласките имаат свои призвучни парови. Во своите зборови, има присуство на согласни групи.

Граматика

уреди

Боанскиот јазик, како и останатите монголски јазици, е аглутинативен јазик. Јазикот има пет падежа: номинатив, акузатив-генитив, датив-локатив, аблатив и инструментал. Морфологијата на глаголите е доста сложена. Евидентноста се бележи со исказан начин како „определен“ или „неопределен“ со наставка или помошен глагол. Сегашната определеност се користи за искажување природни појави, додека сегашната неопределеност се користи за искажување навики на животни. Идноста, продолженоста и перфектот исто така имаат бележниви за евидентност и често се користат за да се означи негација.

Основниот зборовен редослед на јазикот е подмет-предмет-прирок, но зачестена е топикализацијата на предметот. Бонанскиот е познат по двојното бележење на сврзничкиот глагол. Монголскиот сврзен глагол, кои имаат неколку различни значења, доаѓа на крајот на реченицата, а проследено од боанскиот зборовен редослед. Сврзниот глагол [ʂɪ] (сум) од кинескиот доаѓа меѓу подметот на сврзниот глагол и атрибутот, како и во кинескиот. Кинескиот сврзен глагол е опционален и се користи за да се истакне подметот. Определениот, но и неопределениот, сврзен глагол исто така може да служи како партицип проследен од некои свршени глаголи. На пример:

[ənə ʂɪ kuŋʂə-nə t͡ɕʰitʂə o]

ова СвГ комуна-ГЕН автомобил НЕП.СвГ

“Ова е автомобилот на комуната.” (Buhe & Liu 1985: 65)

Наводи

уреди
  • Üjiyediin Chuluu (Chaolu Wu) (November 1994). „Introduction, Grammar, and Sample Sentences for Baoan“ (PDF). SINO-PLATONIC PAPERS. University of Pennsylvania, Philadelphia.
  • Buhe & Liu Zhaoxiong, eds. 1982. Bao’anyu jianzhi. Beijing: Renmin Chubanshe.
  • Chen Naixiong, ed. 1985. Bao’anyu cihui. [Menggu yuzu yuyan fangyan yanjiu cishu 011]. Huhehaote: Neimenggu Chubanshe.
  • -----, ed. 1986. Bao’anyu huayu cailiao. [MYYFYC 012]. Huhehaote: Neimenggu Chubanshe.
  • Chen Naixiong & Cinggaltai. 1986. Bao’anyu he Mengguyu. [MYYFYC 010]. Huhehaote: Neimenggu Chubanshe.
  1. Бонански јазик - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Shoujiang Mi, Jia You (2004). Islam in China. 五洲传播出版社. стр. 57. ISBN 7-5085-0533-6. Посетено на 2010-06-28.