Блекторн
Блекторн (англиски: Blackthorn) е филм од 2011 година, во режија на Матео Гил. Главните улоги ги толкуваат: Сем Шепард, Едуардо Нориега и Стивен Реј. Филмот „Блекторн“ освоил повеќе награди, меѓу кои и „ГОЈА“ во 2012 година, во категориите за најдобар снимател, најдобри костими и продукциски дизајн, како и наградата на Здружението на шпанските филмски критичари.[1].
Содржина
уредиБуч Кесиди, под името Џејмс Блекторн (го глуми Шепард) живее мирен живот во едно зафрлено село во Боливија. Пред да умре, тој сака да си го види семејството и затоа тргнува на пат за дома. Меѓутоа, средбата со еден амбициозен и млад криминалец му ги менува плановите и тој започнува авантура како во деновите кога работел заедно со Санденс Кид.[2] [3]