Бихаќко-петровачка епархија

Бихаќко-петровачката епархија (српски: Епархија бихаћко-петровачка) — епархија на Српската православна црква со седиште во Босански Петровац, во Босна и Херцеговина. Таа има јурисдикција над западните региони на Босна и Херцеговина. Од 2017 година, епископ на епархијата е Сергије Карановиќ.[1]

Рмањски манастир
Клисински манастир
Црквата Свети Сава во Дрвар
Црква во Ливно

Историја

уреди

До 1900 година, територијата на оваа епархија веќе повеќе векови припаѓала на православната Дубарско-босанска епархија. По барање на православните Срби од западните региони, нова епархија на Бања Лука беше создадена истата година, со седиште во градот Бања Лука. Регионите Бихаќ и Босански Петровац исто така припаѓале на оваа новоформирана епархија.[2] Во 1918 година, сите српски православни епископи во Босна и Херцеговина дошле до едногласна одлука да се здружат со другите српски црковни провинции во обединета Српска православна црква. Аранжмани со Цариградската патријаршија биле направени и канонскиот процес на обединување беше завршен во 1920 година.[3]

Регионите на Бихаќ и Босански Петровац припаѓале на епархијата на Бања Лука до 1925 година, кога новата Бихаќка епархија беше формирана. Нејзин прв епископ беше Вењамин Таушановиќ. Во 1931 година, кога Српската православна црква го усвои својот црковен устав, процесот на реорганизација на епархиите беше инициран и нивниот број беше намален. Една од укинатите епархии била краткотрајната Бихаќка епархија, а на нејзината поранешна територија се врати епархијата на Бања Лука. Во 1990 година, по барање на православните Срби од регионот, епархијата била обновена од страна на Светиот собор на Српската православна црква под ново име: Бихаќко-петровачка епархија, со седиште во Босански Петровац. Прв епископ на обновената епархија бил Хризостом Јевиќ од 1991 година до 2013 година, кога тој беше префрлен во Зворничко-тузловската епархија. Истата година, Атанасије Ракита беше избран за нов епископ и устоличен на 11 август 2013 година во Петровац од страна на српскиот патријарх Иринеј.[4]. Во 2017 година, тој беше префрлен во Милешевската епархијата и Сергије Карановиќ беше избран за нов епископ на Бихаќко-петровачката епархија.

Епископи

уреди
  • Вењамин Таушановиќ (1925-1929)
  • Хризостом Јевиќ (1991-2013)
  • Атанасије Ракита (2013-2017)
  • Сергије Карановиќ (2017–денес)

Манастири

уреди
  • Рмањски манастир
  • Глоговачки манастир
  • Веселињски манастир
  • Клисински манастир
  • Трескавачки манастир

Наводи

уреди
  1. „Communique of the Holy Assembly of Bishops (2017)“. Архивирано од изворникот на 2018-01-15. Посетено на 2018-04-18.
  2. Kašić 1965.
  3. Kiminas 2009.
  4. „Enthronement of Bishop Atanasije of Bihać and Petrovac“. Архивирано од изворникот на 2017-07-31. Посетено на 2018-04-18.

Користена литература:

уреди

Надворешни врски

уреди