Битолска битка (1917)

Битолска битка (1917)
Дел од Македонски фронт (Прва светска војна)

Местоположба на котата 1248 под Пелистер
Датум 12 март 1917 - 26 мај 1917
Место западно и северно од Битола
Исход победа на Централните сили
Завојувани страни
 Бугарија
 Германија
Предлошка:Country data Трета Француска Република
Команданти и водачи
Германско Царство Ото фон Белов Франција Морис Сарај
Сила
Кралство Бугарија Прва бугарска армија
Германско Царство 11. Германска армија
5 француски дивизии
Жртви и загуби
непознати 14.000 загинати, ранети или заболени [1]

Битолска битка (1917) – неуспешен француски напад на германско-бугарските фортификации северно и западно од Битола, меѓу 12 март и 26 мај 1917 година на Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Битката, или подобро речено, серијата операции, е позната под неколку имиња. На француски е позната како Bataille de la cote 1248 (Битка за кота 1248) и Bataille de Pelister (Пелистерска битка) според врвот Пелистер на планината Баба. На бугарски е позната како Битка за Црвени Стени според месноста Црвени Стени во под Пелистер.[1]

Заднина

уреди
 
Битола видена од Пелистер

Во ноември 1916 година Антантата се обидела да ја освои Битола, но им било невозможно да го користат градот заради што истиот бил во дострел на бугарската артилерија на Баба Планина на запад и котата 1248 на север од градот. Главниот командант на Сојузниците, Морис Сарај, подготвил план за голема пролетна офанзива во 1917 година, покрај Битката на свиокот на Црна и Дојранската битка, тој исто така планирал да нападне на север и запад од Битола, кој постојано бил под непријателски оган, за да му обезбеди на градот полесно да дише.

За овој напад, Сарај располагал со 57. Француска пешадиска дивизија,[2] 11. Француска колонијална пешадиска дивизија, 16. Француска колонијална пешадиска дивизија, 76. Француска пешадиска дивизија и 156. Француска пешадиска дивизија.

Битката

уреди

Планот на Сарај бил да ја нападне непријателската линија меѓу Охридското Езеро и Преспанското Езеро и исто така на започне фронтален напад северно од Битола на котата 1248. На 11 март, операциите меѓу двете езера започнале со интензивно бомбардирање и напад на 76. Француска дивизија на Црвени Стени западно од Битола, каде освоиле ровови околу селата Дихово, Трново и Магарево. Меѓутоа непријателскиот отпор се покажал појак од очекуваниот, и заедно со крајно лошите временски услови, ова довело до тоа нападот да биде неуспешен.

Францускиот напад на котата 1248, кој требало да биде истовремено, започнал дури на 14. На 18, по 4 дена активни дејствија, Французите ја освоиле котата 1248 како и утврденото село Крклино, при што заробиле 1.200 непријателски војници. Но, непријателот успеал, со противнапад, да ја поврати котата 1248, додека врвот бил напуштен од двете страни. Битола била на некој начин заземена, но градот продолжил да биде под оган сè до воспоставување прекин на огнот, кога повеќе од половина град бил уништен со 20.700 гранати кои паднале во самиот град. Околу 500 жители на градот загинале, а 650 биле ранети.[3]

Бугарите повторно ги зазеле Црвени Стени на 18 мај.

Последици

уреди

Францускиот неуспех значел дека целата пролетна офанзива во 1917 година ги оставила Сојузниците без никакви резултати.[4]

За Бугарите оваа победа била голем морален поттик и дури се споредувала со историската победа во Битката кај Шипка против Турците во 1877 година.

Само 15 месеци подоцна Сојузниците успеале да ја пробијат бугарско-германската одбрана во Битката кај Добро Поле (септември 1918). Истото ја присилило Бугарија на капитулација, со што дефинитивно се променил стратешкиот и оперативниот баланс на војната против Централните сили.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 The Encyclopedia of World War I: A Political, Social, and Military History, стр. 667
  2. Parcours du 372 RI 57e Division d’infanterie (PDF)
  3. Villari (1922), pg.126
  4. PREMIERE GUERRE MONDIALE : LA GUERRE DES BALKANS (1915-1918), Архивирано од изворникот на 2013-06-30, Посетено на 2018-11-11, Monastir est bombardée quotidiennement. En mars, les 57ème, 76ème et 156ème Divisions d’infanterie attaquent le massif du Péristéri et la cote 1248 afin d’établir une liaison avec les troupes présentes dans la région des lacs de Prespa et d’Okrida. Ces offensives se soldent par un échec : les Alliés ne parviennent pas à dégager Monastir. Printemps 1917 : les offensives ont peu de succès malgré les lourdes pertes, et les Alliés ne gardent pas les positions conquises.

Надворешни врски

уреди