Битка кај Саграхас
Битката кај Саграхаз, позната и како Битката кај Залага (арапски: معركة الزلاقة) — битка одиграна на 23 октомври 1086 година помеѓу Алморавидите предводени од Јусуф ибн Ташфин на една страна и Кралство Кастиља предводено од Алфонсо VI. Оваа битка односно бојно поле е познато и како аз-Залагах (во превод значи лизгав терен) поради огромната количина крв која била пролеана тој ден.
Битка кај Саграхаз | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Реконквиста | |||||||
Битка кај Саграхас |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Кастиља | Алморавиди | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Алфонсо VI | Јусуф ибн Ташфин | ||||||
Сила | |||||||
2.500[2] | скоро трипати поголема од христијанската[3] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | непознато |
Битката започнала во петокот во самите мугри со нападот предводен од Кастиља. Јусуф ибн Ташфин неговата војска ја поделил во три целини. Првата дивизија била предводена од Абад III ел-Мутамид, втората од Јусуф ибн Ташфин, а третата се состоела од африкански војници. Абад III ел-Мутамид и неговата дивизија војувале со Алфонсо цело попладне, а потоа Јусуф ибн Ташфин со неговата група се приклучиле на битката и го опкружиле Алфонсо VI и неговите војници. Алфонсо и нговата војска во паника започнале да го губат теренот, а потоа по наредбата на Јусуф била испратена и третата група на војници.
Христијаните доживеале тежок пораз. Се смета дека само околу 500 витези успеале да се вратат во Кастиља. Кралот Алфонсо се здобил со тешка повреда на ногата. Со оваа битка било спречено ширењето на христијанските територии кон јужните делови на Пиринејскиот Полуостров.