Бистро[1] е мал ресторан во кој се служат едноставни јадења. Може да бидат послужени домашни јадења, а касуле и чорба од грав се вообичаени.[2]

„Во бистро“ Жан Беро

Историја

уреди
 
Табла со легендата за тоа како се појавил зборот „бистро“, Париз

Првите бистроа се појавиле во Париз, поточно тоа била куна во подрумот од зградата каде станарите можеле да јадат. Сопствениците на ваквите кујни, за поголем профит решиле да ги отворат и за јавноста. Понудата на храна е едноставна, се нуделе јадења кои лесно и брзо се подготвуваат и кои може да стојат и неколку дена. Се служело вино и кафе исто така.

Потекло на поимот

уреди
 
Француско бистро во Германија (Минстер).

Зборот доаѓа од рускиот збор быстро, со значење брзо. Овој збор навлегол во францускиот јазик за време на париската битка, кога руските офицери кои сакале да бидат брзо послужени, викале bystro.[3]

Наводи

уреди
  1. „бистро“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Porcelli, Joey; Fong, Clay (2006), The Gyros Journey: Affordable Ethnic Eateries Along the Front Range, Fulcrum Publishing, стр. 98, ISBN 978-1-55591-579-7
  3. Reported, for example, in Ian Kelly, Cooking for Kings: the life of Antonin Carême: the first celebrity chef 2003:99.