Биргер Андерсон (тенисер)

Нилс Биргер Ленарт Андерсон (26 март 1951) е поранешен професионален тенисер од Шведска.

Биргер Андерсон
Целосно име Нилс Биргер Ленарт Андерсон
Земја на потекло Шведска
Дата на раѓање 26 март 1951 година возраст (70)
Бодафорс, Шведска
Игра со десна рака
Слободни
Кариера рекорд (победи и натпревари) 39–70
Кариера титули 1
Највисоко рангирање бр. 88 (на 26 јуни 1975 г.)
Резултати од Грен слем турнири во поединечни натпревари
Француски опен 1 коло (1975, 1976, 1978)
Вимблдон 3 коло (1975)
УС Опен 1 коло (1975)
Двојки (парови)
Кариера рекорд (победи и натпревари) 14–56
Кариера титули 0
Резултати од Гренд Слем во двојки (парови)
Француски опен 1 коло (1975, 1978)
Вимблдон 1 коло (1975) УС Опен 1 коло (1975)

Биографија

уреди

Андерсон имал најдобри резултати настапувајќи за Шведска кога го освоил Дејвис купот во 1975 година и тоа била првата титула за неговата земја. Сè уште како дебитант, тој играл професионално само неколку месеци пред да добие повик за настап во Дејвис купот.[1] До финалето тој успеал да го заземе второто место во поединечна конкуренција, веднаш зад Бјорн Борг.[2] Иако не играл во финалето, тој бил заслужен што Шведска стигнала до таму, бидејќи двапати успеал да победи во петтиот и решавачки натпревар од нокаут фазата (финалната фаза).[3] За неговите добри натпревари за време на турнирот го добил прекарот „Брагд-Биргер“.[4]

Во четвртфиналето на европската зона против Западна Германија, тој го победил Карл Мајлер во одлучувачкиот сет, за да успее да го добие нерешениот резултат за својата Шведска.[5] Набргу потоа во 1975 година тој успеал да стигне до третото коло на првенството на Вимблдон, со победи над Тито Васкез во првото коло и Хемфри Хоуз во второто коло.[6] Тој повторно бил повикан да игра за Шведска во петтото финале на европската зона против Шпанија во Барселона и успеал да го победи Хосе Игуерас во четири сета.[7] За прв пат во натпреварите на Шведска тие имале домашна предност кога се сретнале со репрезентацијата на Чиле во полуфиналето на натпреваруавањата на Интер-Зонал во Баштад. По водството на Шведска со 2–1, Андерсон успеал да го осигура местото на својата екипа во финалето, победувајќи го Патрисио Корнехо во четвртиот натпревар.[8] Тенисерот Ове Бенгтсон бил специјалистот за земјена подлога, а Андерсон во финалето против Чехословачка морал да играл на тврда подлога и успеал да го обезбеди само нерешениот резултат.[9] Како одговор на прашањето дали се чувствувал разочаран поради губењето на местото во тимот за финалето, тој одговорил дека верува дека шведскиот капитен (тренер) Ленарт Бергелин„ го избрал вистинскиот човек“.[10]

Андерсон продолжил да игра професионални турнири до крајот на деценијата и својот најдобар настап го имал на Гран-при, кој бил еден од неговите последни настапи, и тоа во полуфиналето на Шведскиот опен во Баштад во 1980 година.[11]

Откако се пензионирал, тој работел како директор за спортот гимнастика, а во моментов е тренер на тениската академија во Линшепинг.[12]

Финале и победи во кариерата

уреди

Поединечна конкуренција: 1 (1 победа)

уреди
Резултат В.Л Датум Турнир Површина Противник Резултат
Победи 1–0 1975 година Алжир, Алжир Земја   Никола Шпир 5–7, 2–6, 6–0, 6–1, 6–2

Наводи

уреди
  1. „Andersson Sparks Sweden“. Reading Eagle. 22 September 1975. стр. 21. Посетено на 30 March 2016.
  2. „Swedish tennis team captain ponders No. 2 singles choice“. The Spokesman-Review. 14 December 1975. стр. D4. Посетено на 31 March 2016.
  3. „Här behövs en dubbel Bragd-Birger“. Hallandsposten (шведски). 8 July 2011. Архивирано од изворникот на 7 August 2012. Посетено на 30 March 2016.
  4. „Bodaforskillen som blev "Bragd–Birger". Tranås Tidning (шведски). 10 October 2015. Архивирано од изворникот на 4 March 2016. Посетено на 30 March 2016.
  5. „Davis Cup - Tie - Details (Germany F.R. 2:3 Sweden)“. Official Davis Cup website. Посетено на 31 March 2016.
  6. „Players Archive - Birger Andersson“. Official Wimbledon website. Посетено на 31 March 2016.
  7. „Swedish Cuppers best Spain“. St. Petersburg Times. 28 July 1975. стр. 3. Посетено на 31 March 2016.
  8. „Sports Shorts“. The Sumter Daily Item. 22 September 1975. стр. 2B. Посетено на 31 March 2016.
  9. „Swedish hopes with Borg“. The Spokesman-Review. 19 December 1975. стр. 36. Посетено на 30 March 2016.
  10. „Cup Star Not Miffed by Missing Lineup“. Spokane Daily Chronicle. 18 December 1975. стр. 49. Посетено на 31 March 2016.
  11. „Tennis“. The Arizona Republic. 19 July 1980. стр. 60. Посетено на 31 March 2016.
  12. „Bragd-Birger på hembygdskväll“. Smålands Dagblad (шведски). 29 September 2015. Архивирано од изворникот на 2016-04-19. Посетено на 31 March 2016.

 

Надворешни врски

уреди