Билтен (КП Македонија)
Билтен (Скопје, јули 1940 - октомври 1940) бил илегален орган на Покраинскиот комитет на КП во Македонија, на македонски и српски јазик. Излегувал еднаш месечно. Бил умножуван на циклостилна техника. Објавени се вкупно четири броја. Тие ја рефлектираат политиката на КПЈ кон политичките и стопанските состојби (аграрното прашање, тутунот и слично) во Македонија, но содржат написи за организационите и за националните проблеми, одделни прогласи и летоци.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 73. ISBN 9989-624-46-1.
- ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 152. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Литература
уреди- Македонска енциклопедија (прва книга). МАНУ, Скопје, 2009.