Бик (кована пара од 2018 година)


Биккована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2018 година.

Бик
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 100 денари
Метал сребро 925
Тежина 23,30 г
Димензии 37 x 37 мм
Облик квадратен
Издадена 2018
Цена 2.800 ден.

Опис

уреди

Лице

уреди

На лицето, во средишниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во средината, опкружена со соѕвездието Бик. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. Во позадината е прикажан дел од картата на небото. Во долниот дел од лицето на парата е прикажан Грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата - „2018“. Исто така, прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.[1]

Опачина

уреди

Во горниот дел од опачината е претставена слика на бик од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од страна на Јоханес Хевелиј на крајот од 17 век. Сликата на бикот и неговото соѕвездие се претставени и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел исто така е претставен симболот на хороскопскиот знак Бик. Во долниот дел е претставена глава на златен бик врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – „TAURUS“, а на левата страна ознаката „Ag925“.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „Бик". Посетено на 13 март 2018.

Надворешни врски

уреди