Бизмарково Море
Бизмарково Море — мало погранично море во југозападниот дел на Тихиот Океан, северно од островот Папуа Нова Гвинеја и јужно од Бизмарковиот Архипелаг и Адмиралитетските Острови. Како и архипалагот, морето е наречено во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк. Архипелагот се протега северно и источно од морето, заобиколувајќи го Бизмарковото Море и одделувајќи го од Тихиот Океан. На југ е поврзано со Соломонското Море преку протокот Витјаз.[1]
Во морето на 3 и 4 март 1943 г. се одиграла Битка во Бизмарковото Море за време на Втората светска војна, каде американските и австралиските воздхопловни сили [2]
Граници
уредиСпоред Меѓународната хидрографска организација, Бизмарковото Море е „оној дел од Јужниот Тихи Океан кај североисточниот брег на Нова Гвинеја“, со следниве граници:[3]
на север и исток. По северниот и североисточниот брег на островите Нова Ирска, Нов Хановер, Адмиралитетските Острови, Пустиничкиот Остров и групата Ниниго, преку островите Ману и Ауа до Вувулу, а оттаму линија до ’ртот Бодисен во Нова Гвинеја (142°02' ИГД).
на југоисток. линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, долж нејзиниот северен брег, а оттаму линија од западниот крај преку северниот крај наостровот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја (5°55′S 147°24′E / 5.917° ЈГШ; 147.400° ИГД)
на југозапад. По северниот брег на Нова Гвинеја.
Минерално богатство
уредиСо неодамнешните испитувања на морското дно се откриени богати наоѓалишта на сулфиди, бакар, цинк, сребро и злато. Наодите имаат особено значење бидејќи се сместени во плитка и мирна вода. Правата на нивно искористување ги поседува Папуа Нова Гвинеја согласно меѓународното право.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Bismarck Sea“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2007-07-15.
- ↑ „Pacific War Maps“. Посетено на 2007-07-15.
- ↑ „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
- ↑ „The Mineral Wealth of the Bismarck Sea“. Scientific American Digital. Посетено на 2007-07-15.
Надворешни врски
уреди„Бизмарково Море“ на Ризницата ? |
- Битка во Бизмарковото Море (англиски)