Соломонско Море

море во Тихиот Океан

Соломонско Мореморе во Тихиот Океан, помеѓу Папуа Нова Гвинеја и Соломонските Острови. За време на Втората светска војна тука се одиграле повеќе важни битки.

Соломонското Море

Опфат

уреди

Според Меѓународната хидрографска организација, Соломонското Море ги има следниве граници:[1]

На северозапад. По југоисточната граница на Бизмарковото Море [Линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, по нејзиниот северен брег, а оттаму линија од нејзиниот западен крај преку северниот крај на островот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја (5°55′S 147°24′E / 5.917° ЈГШ; 147.400° ИГД / -5.917; 147.400)].

На североисток. По линија од јужниот крај на Нова Ирска до северниот крај на островот Бука, преку него до северозападниот крај на островот Бугенвил, долж јужните брегови на островите Бугенвил, Шоазел, Изабел [Санта Изабел], Малаита и Сан Кристобал [Макира].

На југ. Северната граница на Коралното Море помеѓу островот Сан Кристобал, Соломони и островот Гадо-Гадоа, кај југоисточниот крај на Нова Гвинеја [Островот Гадо-Гадоа кај нејзиниот југоисточен крај (10°38′S 150°34′E / 10.633° ЈГШ; 150.567° ИГД / -10.633; 150.567), по овој перидијан до линија од 100 сажени, а оттаму долж јужните рабови на гребенот Улума (Саклинг) и оние кои се протегаат источно сè до југоисточниот крај на гребенот Лавик (11°43.5′S 153°56.5′E / 11.7250° ЈГШ; 153.9417° ИГД / -11.7250; 153.9417) кај островот Тагула [Ванатинаи], а оттаму линија до јужниот крај на островот Ренел и од неговиот источен крај до ’ртот Сирвил, источниот крај на островот Сан Кристобал].

На југозапад. По брегот на Нова Гвинеја и линија од најјугоисточната точка преку архипелагот Луизијада до островот Росел.

Најдлабоко место

уреди

Во Соломонското Море е сместена Новобританскиот Ров, која достигнува длабочина од 9.140 м во Планетската Бездна.[2]

Наводи

уреди
  1. „Граници на океаните и морињата, III изд“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-10-08. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  2. „Solomon Sea“. Encyclopaedia Britannica. Посетено на 10 March 2012.

Надворешни врски

уреди


8°S 154°E / 8° ЈГШ; 154° ИГД / -8; 154