Библиотека Тианџјин Бинхаи
Библиотека Тианџјин Бинхаи[2] (кинески: 天津滨海新区图书馆), со прекар „Окото“ — библиотека во Тианџјин, Кина. Таа е дел од културниот центар Бинхаи, и е една од неговите пет главни занимливости.[3]
Полици од подот до таванот обликувани како око. | |
Земја | Кина |
---|---|
Основана | 2017 |
Место | Бинхаи во Тианџјин |
Ограноци | 1 |
Фонд | |
Обем | 1,2 милиони книги[1] |
Карта |
Архитектура и опис
уредиБиблиотеката на пет нивоа има вкупен простор од 33.700 квадратни метри.[4] Нејзина особеност се терасовидни полици за книги, од подот до таванот, во кои можат да се сместат 1,2 милиони книги,[1] и голема, светлечка сфера во средиштето која служи како аудиториум со капацитет од 110 луѓе. Библиотеката го носи прекарот „Зло око“ бидејќи сферата, која изгледа како шареница, може да се види од паркот надвор преку отвор во облик на око.[5]
Во првата недела по денот на отворањето, ја посетувале приближно 10.000 луѓе дневно, предизвикувајќи редици надвор.
Првиот и вториот кат содржат главно простори за одмор и читални. На горните катови има компјутерски простории, сали за состаноци и канцеларии. Има и два двора на покривот. Поради одлука за брзо завршување на библиотеката и судир со она што било официјално одобрено, главниот атриум не може да се користи за складирање книги. Просториите што обезбедуваат пристап до горните нивоа на полици не биле изградени и биле испечатени повези на задниот дел од просторот на полиците за фотографирање на денот на отворањето. [5]
Конструкција
уредиБиблиотеката е проектирана од архитектонското претпријатие МВРДВ со седиште во Ротердам[5] заедно со Институтот за урбанистичко планирање и проектирање на Тианџјин (TUPDI), група месни архитекти. Поради густиот распоред за изградба од страна на месната самоуправа, проектот од прелиминарни цртежи до отворање на вратите бил остварен во рок од три години.[6] Библиотеката била отворена во октомври 2017 година.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „China's breathtaking, futuristic library in Tianjin is every book lover's dream“. Newsweek. 14 November 2017.
- ↑ „滨海新区图书馆"十一"开放“. 文化随行(Official Digital Platform of Binhai New Area). 1 October 2017.
- ↑ „Tianjin's new library looks out of this world“. CNN Travel. 22 November 2017.
- ↑ „MVRDV - Projects“.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Becky Davis (16 November 2017). „China's futuristic library: More fiction than books“. France24. AFP.
- ↑ „Tianjin Binhai Library“. MVRDV.
Надворешни врски
уреди- Библиотека Тианџјин Бинхаи на Ризницата ?
- Official page Архивирано на 9 декември 2018 г. of the library at Binhai Cultural Center (на кинески)
- Image gallery at CNN