Биберкопф
Биберкопф | |
---|---|
Биберкопф виден од северозапад, блиску до планинарската куќа Минделхајм. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2.599 м н.Ј. (8,527 ст) |
Истакнатост | 337 m ↓ Große Steinscharte → Штајншартенкопф |
Изолираност | 3.5 km → Хохес Лихт |
Координати | 47°16′14″N 10°13′56″E / 47.270528° СГШ; 10.232361° ИГД |
Географија | |
Матичен венец | Централен гребен, Алгавски Алпи. |
Искачување | |
Прво освојување | 1853 за време на топографско истражување. |
Најлесен пат | Рапензехуте – означена патека (со жици на некои места) – западен гребен – врв. |
Биберкопф е планина на Алпите која е висока 2.599 м и се наоѓа на границата меѓу Германија и Австрија.
Локација и област
уредиПланината Биберкопф лежи на главниот гребен на Алгајските Алпи на границата помеѓу баварскиот округ Обералгау и тиролскиот округ Ројте. Се наоѓа околу 15,5 км југо-југозападно од Оберстдорф и само околу 2,5 км источно од преминот Шрофен.
Биберкопф може да се опише и како најјужната точка во Баварија и Германија, иако нејзиниот врв се наоѓа на 110 метри северно од Халденвангер Ек, кој е 4.088 метри на запад.
Геологија
уредиНејзината фасцинантна форма ја прави Биберкопф (што значи: „глава на дабар“) една од највпечатливите планини на Германија. Геолошки, телото на врвот е направено од силно превиткан доломит кој бил набиен над мергели. Чистиот доломит е причина за недостаток на вегетација на планината, бидејќи содржината на глинени минерали во производите од атмосферски влијанија не е доволна за формирање на почва. Спротивно на тоа, во областите на мергелните слоеви има богата флора.
Искачување
уредиОд Колибата Рапенси и од Лехлајтен (во близина на Варт) означените рути водат до Биберкопф. Тие рути траат околу 2,5 до 3 часа. Двете искачувања поминуваат низ изложени делови од стрмни карпи и гребени, поради тоа што е потребна сигурност при чекорње. Поради инсталацијата на жичени кабли и други помагала за качување, искачувањата може да бидат и од помалку способни планинари (УИАА степен I). Искачување при влажно време или услови на снег и мраз не се препорачува. Остатоци од снег остануваат цела година на северните падини. Патеките до врвот се одржуваат од страна на одделението на германски алпски клуб во Обергунцбург, кој припаѓа на делот Кемптен/Алгау.
Јужната страна на Биберкопф за прв пат била искачена во 1922 година од страна на алпинистот на Алгау, Херман Гроселфингер.
Галерија
уреди-
Врвот од југ
-
На патот кон врвот
-
Од Салоберкопф кон југозапад
-
Од Клајнер Рапенкопф на североисток
-
Селото Бурстег во долината на Валсер
Извори и мапи
уреди- Дитер Зајберт, Alpenvereinsführer Allgäuer Alpen und Ammergauer Alpen, Минхен 2004 година,ISBN 3-7633-1126-2
- Alpenvereinskarte 1:25.000, Sheet3/2, Lechtaler Alpen, Arlberggebiet (Биберкопф е точно на северниот раб на картата, Колибата Рапензе е надвор од картата)
- Bayerisches Landervermessungsamt, 1:50.000, Sonderdruck Allgäuer Alpen, Blatt UK L8