Бесното куче и Глорија
Бесното куче и Глорија (англиски: Mad Dog and Glory) е американски филм од 1993 година, во режија на Џон Мек Нотон. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро, Ума Турман и Бил Мари.
Содржина
уредиВејн Доби (го игра де Ниро) е срамежлив полициски фотограф кој очајнички сака да стане уметник. Еднаш, тој спречува грабеж и му го спасува животот на мафијашкиот шеф Френк Мило (го игра Мари), која пак ака да стане комичар. Во знак на благодарност, Мило сака да стане пријател со Доби и му ја доделува девојката „Глори“ (ја игра Турман). Така, Доби се наоѓа во незгодна состојба, зашто не сака да биде виден во друштво со мафијашкиот шеф, а истовремено не знае како да се справи со „Глори“.[1] [2]