Бескрајно бегство, вечно враќање

Бескрајно бегство, вечно враќање – ерменски документарен филм од 2014 година, во режија на Харутјан Хачатријан, кој е автор и на сценариото, заедно со Михаил Стамболтсјан. Главните улоги ги играат: Хајук Хачатријан, Рубен Хаквердијан и Георг Агекијан.

Содржина

уреди

Помеѓу 1988 година и 1990-тите, три настани ја шокираат Ерменија: страшен земјотрес, војната во Нагорно-Карабах и распадот на СССР. Како резултат на тоа, некои луѓе избираат бегство. Режисерот ја следи смелата судбина на оние што решиле да ја напуштат својата татковина и создава епски, трогателен портрет на неуморен раскажувач. Во 1988 година, Хачатријан го започнува болното истражување на отуѓувањето и бездомништвото помеѓу ерменските бегалци. Ова е првиот дел од петте дела, што треба да ги прикажат приказните на неколку ерменски уметници. „Луѓе, нација, бегство, враќање. Зошто луѓето бегаат од нивните корени?“ - се прашува Хачатријан.[1]

Наводи

уреди