Беседа на рамницата
Беседа на рамницата (или Проповед на рамницата) — поучни искази на Исус Христос посведочени во Евангелието според Лука (Лк 6,20-49). Оваа проповед може да се спореди со поопширната Беседа на гората во Евангелието според Матеј.[1]
Лука 6,12–20 ги опишува настаните кои ѝ претходеле на беседата. Исус преноќил на планината, молејќи се на Бога. По два дена ги собрал своите ученици и од нив избрал дванаесет кои ги прогласил за Апостоли. Слегувајќи од планината, тој застанал на „рамно место“ каде се собрала толпа луѓе. Откако ги исцелил страдалниците од „нечисти духови“, Исус почнал да беседи.
Најзначајни пораки во беседата се:
- Блаженства и предупредувања (6,20–26)
- Љуби ги непријателите и сврти го другиот образ (6,27–36)
- Постапувај со другите онака како што сакаш да постапуваат со тебе (6,31)
- Не суди за да не бидеш суден, не осудувај за да не те осудуваат, проштевај за да ти биде простено, дај за да ти се даде (6,37–38)
- Може ли слеп да води слеп? Учениците не се над учителот (6,39-40)
- Извади ја гредата од своето око пред да ја вадиш раската во туѓото (41-42)
- Добро дрво не дава лош плод, ниту лошо дрво дава добар плод — секое дрво се познава по плодот (43–45)
- Зошто ме довикувате „Господи, Господи“ а не го извршувате она што ви го кажувам? (46)
- Оној што ги слуша моите зборови и исполнува гради на камен, а оној што не го прави тоа гради на песок и ќе настрада (47–49)
Во Лука 7,1 откако кажал сè што имал да каже, Исус пошол во Капернаум, кој според Лука го немал посетено од 4,31[2].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Luke by Sharon H. Ringe 1995 ISBN 0-664-25259-1 стр. 90–97
- ↑ Лука 4,31