Бернско планинско куче
Бернското планинско куче (германски: Berner Sennenhund) припаѓа на крупната раса на кучиња, со потекло од Швајцарските Алпи.Се нарекува и Бернер (англиски назив: Berner или Bernese) поради подрачјето од каде потекнува, имено, од кантонот на Берн. Ова планинско куче отпрвин се чувало како чувар на фармите а во минатото биле користени и како запрежни кучиња а понекогаш служел за влечење на млекарските колички. Расата официјално била воспоставена во 1907.[3] Во1937 било признато од страна на Американскиот кинолошки сојуз;[4] Денес истото се рангира како работно куче.[5] Најмногу ги имало јужно од Берн, во подрачјето Дурбах, па луѓето го нарекувале Дурбахлер[6]. Во 1990 година било прогласено за Швајцарско национално куче, а во 1908 година го добило името Бернско планинско куче.
Бернско планинско куче | ||||||||||||||||||||||||||||
Други називи | Бернер Бернски овчар | |||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Прекари | "Бернер" | |||||||||||||||||||||||||||
Потекло | Швајцарија | |||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||
куче (Canis lupus familiaris) |
Особености
уредиИзразената глава на делот на челото му е сплескана. Има силна муцка. Кафените очи пленат со палав поглед. Опашката му е доста влакнеста, но не е свиткан. Влакната му се меки, мазни и долги, лесно брановити, но не кадрави. Има сјајна црна боја, со кафени полиња по лицето, над очите и на долните делови на нозете. На градите, на крајот на опашката и на шепите има бели пеги. Заради својата раскошност влакната бараат грижлива нега.
Темперамент
уредиКучето има добар темперамент, добродушно е и се приврзува за семејството. Пријателски е расположено кон домашните животни кои ги чува. Ги извршува послушно зададените обврски и лесно се дресира. Добро го поднесува студот и може да спие на отворено. Сака отворен простор и затоа не е погоден за урбани средини и чување внатре во домот. Но поради благиот карактер умее да се прилагоди на секакви услови.
Здравје
уредиСпаѓа во издржливите раси на кучиња но има релативно краток животен век. Кога ќе наполни 7-8 години веќе се смета за зтаро. Некои слични раси имаат поголем животен век, над 10 години.[7] најчесто се разболува од рак, но и ревмата е доста застапена.[8]. Во САД и Канада, скоро половина Бернски планински кучиња умираат од рак.[9] Најдолг век на некој Бернер е забележан во 2004, во Англија (15,2години).[10] Артритис кај Бернското куче се појавува и кога е млад, 4-5 години.
Накусо, Бернското планинско куче е со нежно здравје така да му треба нега и внимание.
Староста на Бернското планинско куче | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
Старост на човекот | 14 | 22 | 31 | 40 | 49 | 58 | 67 | 76 | 85 | 94 | 100 |
Надворешни врски
уреди„Бернско планинско куче“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Borge, K. S.; Tønnessen, R.; Nødtvedt, A.; Indrebø, A. (2011). „Litter size at birth in purebred dogs—A retrospective study of 224 breeds“. Theriogenology. 75 (5): 911–919. doi:10.1016/j.theriogenology.2010.10.034. PMID 21196028. "n=137 litter size=6.4 range 1-15"
- ↑ Leroy, G. G.; Phocas, F.; Hedan, B.; Verrier, E.; Rognon, X. (2015). „Inbreeding impact on litter size and survival in selected canine breeds“. The Veterinary Journal. 203: 74–8. doi:10.1016/j.tvjl.2014.11.008. PMID 25475165. litter size=5.51 ± 2.7, longevity mean=7.74 ± 3.03 median=8.15
- ↑ „100th Anniversary“. Swiss Club for Bernese Mountain Dogs. 2007. Архивирано од изворникот на July 6, 2011. Посетено на January 5, 2011.
- ↑ „Bernese Mountain Dog History“. American Kennel Club. Посетено на December 5, 2010.
- ↑ „AKC Working Group“. American Kennel Club. Посетено на December 5, 2010.
- ↑ „Historical photos of the Berner Sennenhund (Bernese Mountain Dog)“. Природно-историски музеј во Берн. Архивирано од изворникот на 11 јануари 2011. Посетено на 5 јануари 2011.. Notice the variety in appearance of the original type
- ↑ http://users.pullman.com/lostriver/survey_comparisons.htm Dog Longevity Web Site, Survey Comparisons page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 5. 7. 2007.
- ↑ http://users.pullman.com/lostriver/breeddata.htm Dog Longevity Web Site, Breed Data page. Compiled by K. M. Cassidy., Посетено на 8. 7. 2007.
- ↑ http://www.bmdca.org/health/Miscellaneous/Health_Report.php 2000 BMDCA Health Survey, Bernese Mountain Dog Club of America, Посетено на 8. 8. 2007.
- ↑ http://www.thekennelclub.org.uk/item/570 Архивирано на 13 август 2013 г. Kennel Club/British Small Animal Veterinary Association Scientific Committee. 2004. Purebred Dog Health Survey., Посетено на 5. 7. 2007.