Бермуда на Летните олимписки игри 2020

Бермуда се натпреварува на Летните олимписки игри 2020 во Токио. Првично предвидено да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, игрите биле преместени за 23 јули до 8 август 2021 година, како резултат на пандемијата од КОВИД-19.[1]

Бермуда на Олимписките игри

Знаме на Бермуда
МОК-код  BER
НОК Олимписки комитет на Бермуда
Порталwww.olympics.bm
Олимписка историја
Летни олимпијади
1936 • 1948 • 1952 • 1956 • 1960 • 1964 • 1968 • 1972 • 1976 • 1980 • 1984 • 1988 • 1992 • 1996 • 2000 • 2004 • 2008 • 2012 • 2016 • 2020
Зимски олимпијади
1992 • 1994 • 1998 • 2002 • 2006 • 2010 • 2014 • 2018 • 2022

Од првото учество на земјата на Летни олимписки игри во 1936, натпреварувачите од Бермуда се појавиле на сите изданија од Летните олимписки игри, но не учествувале на Летните олимписки игри 1980 во Москва поради поддршката на земјата на бојкотот предводен од САД.

На Летните олимписки игри 2020 бил освоен првиот златен медал во историјата на земјата од страна на триатлонката Флора Дафи.

Освојувачи на медали

уреди
Медал Име Спорт Дисциплина Датум
  Златен Флора Дафи Триатлон Триатлон во женска конкуренција 27 јули
Медали по спорт
Спорт       Вкупно
Триатлон 1 0 0 1
Вкупно 1 0 0 1
Медали по датум
Датум       Вкупно
27 јули 1 0 0 1
Вкупно 1 0 0 1

Натпреварувачи

уреди

На следниот список е претставен бројот на натпреварувачи на игрите по спорт.

Спорт Мажи Жени Вкупно
Веслање 1 0 1
Триатлон 0 1 1
Вкупно 1 1 2

Веслање

уреди

Бермуда квалификувала еден натпреварувач на игрите во дисциплината мажи поединечно преку олимписките квалификации одржани во Рио де Жанеиро, Бразил.[2]

Натпреварувач Дисциплина Преелиминации Репасаж Четвртфинале Полуфинале Финале
Време Место Време Место Време Место Време Место Време Место
Дара Ализадех Мажи поединечно 7:34.96 4 Р 7:35.90 2 ЧФ 7:35.73 5

Триатлон

уреди

Бермуда квалификувала една триатлонка на игрите. Остварувајќи неверојатен подвиг со учеството на своите четврти Летни олимписки игри, Флора Дафи била одбрана меѓу најдобрите 26 триатлонки врз основа на индивидуалниот ИТУ ранкинг на 15 јуни 2021 година.[3] Таа го освоила златниот медал, прв во историјата на Бермуда.

Натпреварувач Дисциплина Пливање (1.5 км) Премин 1 Велосипедизам (40 км) Премин 2 Трчање (10 км) Вкупно време Место
Флора Дафи Жени триатлон 18:32 0:41 1:02:49 0:34 33:00 1:55:36  

Наводи

уреди
  1. „Joint Statement from the International Olympic Committee and the Tokyo 2020 Organising Committee“. Olympics. 24 март 2020. Посетено на 28 март 2020.
  2. „Americas Qualification Regatta Completed Ahead of Schedule“. Меѓународна веслачка федерација. 6 март 2021. Посетено на 31 март 2021.
  3. „Tokyo 2020 race numbers allocated to the 38 National Federations heading to the Games“. World Triathlon. 2 јули 2021. Посетено на 6 јули 2021.